Лисичарката е многу вкусен и хранлив вид на печурки. Содржи многу антиоксиданти, витамини и минерали. Спаѓа во нискокалорична храна, но важно е да се знае сè за можните нуспојави од несоодветната подготовка и прекумерното консумирање.
Лисичарката (Cantharellus cibarius) е ризница на важни хранливи материи. Нискокалорична е, но исто така и богата со влакна и клучни хранливи материи како бакар, ниацин и витамин Д. Порција од 54 грама) свежи лисичарки содржи:
17 калории
1 грам протеин
4 грама јаглени хидрати
0,3 г маснотии
2 грама влакна
21 отсто бакар
14 проценти ниацин
14 проценти витамин Д
12 проценти пантотенска киселина
10 проценти железо
9 проценти рибофлавин
7 проценти манган.
Лисичарката е особено богата со бакар, минерал кој е клучен за производството на енергија, за здравјето на мозокот и метаболизмот на железото. Содржи и витамин Д, кој е неопходен за здравјето на коските и имунолошкиот систем, како и витамини од групата Б, како што се ниацин и пантотенска киселина, кои му помагаат на централниот нервен систем.
Здравствените придобивки од лисичарката: Зошто антиоксидантите се важни
Лисичарките се добар извор на антиоксиданти, кои можат да ги намалат воспалителните процеси и да не заштитат од хронични болести. Истражувањата покажуваат дека овие печурки содржат антиоксиданти како што се бета-каротен, флавоноиди, полифеноли и аскорбинска киселина. Одредени состојки во лисичарките потенцијално ги намалуваат маркерите на воспаление, како што е интерлеукин-6, и може да го забават растот на малигните клетки.
Лисичарката може да направи многу за здравјето на коските
Лисичарките се еден од ретките природни извори на витамин Д, кој е од клучно значење за апсорпцијата на калциумот и здравјето на коските. Недостатокот на витамин Д може да го зголеми ризикот од остеопороза и фрактури на коските.
Помош за имунолошкиот систем
Лисичарките содржат бакар и витамин Д, хранливи материи важни за функционирањето на имунолошкиот систем. Истражувањата покажуваат дека состојките од лисичарките можат да ги неутрализираат слободните радикали и да ја подобрат функцијата на имунските клетки. Истражувањата покажале исклучителна отпорност на напади од патогени, вклучувајќи микроби и паразити.
Можни недостатоци и несакани ефекти
Треба да се внимава кога се собираат лисичарки, бидејќи може да се помешаат со отровни видови, како што е Omphalotus olearius (познати како лажни лисичарки), кои можат да предизвикаат заболувања како што се дијареа и повраќање.
Исто така, печурките собрани во близина на индустриските зони може да содржат тешки метали и пестициди. Некои луѓе може да бидат алергични на лисичарки, па затоа е важно да се прекине со конзумирањето и да се побара лекарска помош доколку се појават симптоми како што се осип или стомачни тегоби.
Како да ги подготвите?
Свежи или суви, може да се најдат во специјализирани продавници или маркети. Може да се јадат сирови или варени, но многумина го претпочитаат нивниот вкус и текстура кога се термички обработени. Сувите лисичарки се рехидрираат со натопување во топла вода, а најважно е добро да се измијат пред употреба. Сето богатство на вкус најдобро се покажува кога ќе се пропржат или динстаат, и тоа само неколку минути, за да ја задржат максималната количина на хранливи материи.