Вегетаријанска сарма со туна и со печурки

Фото: Pixabay
53

Има едно чудо различни и вкусни комбинации кои на традиционалните јадења им даваат сосема нов и поинаков шмек. Некои од нив ќе ве натераат сѐ почесто да заборавате на оние класичните, со месо, дури и ако сте меѓу тие што не можат да си замислат безмесен оброк


Сармата со туна и со печурки е идеална за вегетаријанците и за сите оние кои се само повремено во оваа група, додека траат постите.

И дури и ако мислите дека новогодишната сарма со месо и со сланина е незаменлива, овој рецепт ќе ве натера да го смените мислењето или барем, да им дадете шанса и на некои поинакви рецепти.
Состојки:
900 гр конзервирана туна
листови од кисела зелка
750 гр ориз
450 гр моркови
500 гр печурки
300 гр кромид
2 чешниња лук
бибер и сол по вкус
мешавина од суви зачини, по вкус
6 ловорови листови или по вкус

Приготвување:
За оваа сарма прво исечкајте го целиот зеленчук, па на масло пропржете ги кромидот, морковот и печурките. Исплакнете го и исцедете го оризот, па измешајте го со пропржената смеса и на сѐ додадете туна, зачини, масло и ситно сечкан лук.
Добро измешајте ја смесата и почнете да ги виткате сармите.

Додека ги редите, меѓу секој ред ставете ловорови листови. Сварете ја сармата и послужете.