Идеалнa за зимските денови: Лековита супа од ѓумбир, морков и тиква

Фото: Pexels
159

Изобилството на витамини и минерали во една чинија од оваа лековита и вкусна супа ќе ви го поправат и расположението и здравјето

Моќта на ѓумбирот е несомнена. Тој е природен помошник при смирување на кашлицата, затнат нос, болни синуси или насобран секрет.

Неговиот корен успешно се користи илјадници години во лекување на инфекции на респираторниот систем бидејќи има антиинфламаторно дејство, ја намалува болката, ја намалува треската, го стимулира варењето и протокот на крв, а она што е особено значајно, за разлика од многу лекови, нема штетно влијание врз црниот дроб.

Покрај тоа, го штити протокот на крв и срцето бидејќи е извор на магнезиум, витамин Б6 и калиум, како и манган и бакар, кои ги отстрануваат слободните радикали.

Извор е на калциум, магнезиум, фосфор, селен, цинк, железо и витамин Ц.

Од друга страна, морковот е богат со витамин А, само половина чаша обезбедува половина од дневниот препорачан внес, кој со каротеноиди го одржува видот и здравјето на очите.

Одредени природни својства можат да помогнат во намалувањето на холестеролот со текот на времето, што е особено важно за здравјето на срцето.

Освен тоа, различните бои на моркови имаат свои уникатни придобивки, па жолтиот морков е извор на лутеин, а виолетовите моркови имаат антоцијани.

Тиквата е богата со растителни влакна, бројни витамини и минерали, како и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а неговото редовно консумирање може да помогне во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.

Лековита супа од ѓумбир, морков и тиква

Сите наведени состојки одлично одат заедно, а топлата супа во овие зимски денови особено ќе ве оживее, загрее и што е најважно, ќе му обезбеди на организмот хранливи материи.

Состојки:

2 лажици екстра девствено маслиново масло
1 поголем кромид, исечкан на коцки
4 моркови, излупени и исечени на коцки
1 лажичка свеж ѓумбир, мелен
6 чаши тиква, излупени и исечени на коцки
10 чаши вода
прстофат бибер и сол

Подготовка:

  1. Во тенџере на тивок оган издинстајте го кромидот на маслиново масло.
  2. Додадете моркови и динстајте 10 минути.
  3. Додадете ѓумбир и пржете 2 минути.
  4. Додадете ги тиквите и водата или супа од зеленчук и оставете да зоврие, а потоа свртете ја топлината на средно ниско и варете околу 45 минути.
  5. Сите состојки се блендираат за супата да стане кремаста. Додадете бибер, сол и зачини по желба и уживајте.