Неодоливи чоколадни распукани колачи

Фото: Pexels
103

Ова е најдобриот рецепт за чоколадни колачи. Брзи, лесни и без чудни состојки

Мирисаат на цимет, чоколадни се, пецкаат од ѓумбирот и идеални се за ладните зимски денови. Едноставни се за правење, кратко се печат, а уште побрзо исчезнуваат.

Состојки:

170 г црно чоколадо

115 г путер

2 јајца

100 г брашно

125 г кафеав шеќер

20 г горчливо какао

1 лажичка прашок за печиво

1 ипол лажичка ѓумбир во прав

1 лажичка цимет

1 лажичка екстракт од ванила

Прстофат сол

Шеќер во прав за валкање

Приготвување:

1. Во сад помешајте ги сувите состојки: брашно, прашок за пециво, какао, цимет, ѓумбир во прав и прстофат сол.

2. Стопете ги на пареа чоколадото и путерот и оставете ги 10 минути да се оладат, па додадете го шеќерот и добро измешајте.

3. Потоа во чоколадната смеса додавајте едно по едно јајце, мешајте со маталка и додадете го екстрактот од ванила. На крајот додавајте ги малку по малку сувите состојки и сѐ добро измешајте.

4. Ставете ја смесата во фрижидер најмалку 2 часа (може и преку ноќ).

5. Со лажичка вадете од смесата и направете топчиња со големина на орев.

6. Извалкајте ги во шеќер во прав па ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Внимавајте помеѓу нив да има барем 4-5 цм растојание.

7. Печете ги во претходно загреана рерна на 180°C околу 10-12 минути. Оставете ги малку да се оладат па дури потоа вадете ги од тепсијата.

8. Можете да ги чувате во кутија со капак од 7 до 10 дена.