До силен имунитет со помош на овие пет чудесни намирници

Фото: Freepik
80

Ако се прашувате зошто имате слаб имунитет и секогаш кога некој ќе кивне во ваша близина, се разболувате, сетете се, меѓудругото, и со што се храните

Храната e често најголемиот сојузник на доброто здравје, без кое нема силен имунитет, кој му помага на телото да се одбрани од сите надворешни и внатрешни закани.
Eве пет намирници со чија помош ќе го зајакнете вашиот имунитет.

Јогурт

Според објавата на научниците во European Journal of Nutrition, секојдневното консумирање јогурт може да го зајакне имунолошкиот систем бидејќи содржи бактериски култури на Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus. Покрај тоа, нуди добри количини на калциум, витамини Б и Д и други хранливи материи кои влијаат на имунолошкиот систем.

Јогуртот лесно се внесува во исхраната затоа што, покрај тоа што ќе го пиете директно од шолјата, можете да го додадете и во овошјето, да направите со него прелив за салата, да го користите наместо мајонез, па дури и густите супи ќе станат полесни за варење со малку јогурт.

Спанаќ
Спанаќот содржи фолати, витамин А, витамин Ц, магнезиум и железо, а како таква моќна комбинација може да го зајакне целиот имунолошки систем и да му обезбеди на телото доволно хранливи материи за обновување на ДНК.

Искористете ги сите негови својства со тоа што ќе го јадете сиров или само со бланширање. Можете да го подготвите со павлака, да направите лазањи со спанаќ, да ги наполните тестенините со сирење и спанаќ и да ги испечете.

Пилешка супа
Пилешкото е полно со аминокиселина триптофан, која ви го дава тоа пријатно чувство откако ќе ја изедете. Доколку се чувствувате депресивно, конзумирањето живина ќе го зголеми нивото на серотонин во мозокот, ќе го подобри вашето расположение, ќе ги намали ефектите од стресот и на тој начин ќе ве заштити од болести… Пилешката супа нуди антивоспалителни својства кои ги олеснуваат симптомите на настинка, а исто така го зајакнува имунитетот.

Сок од калинка

Малкумина знаат колку е здраво ова овошје, а особено сокот што се прави од него. Со безброј здравствени придобивки, калинката е добар сојузник за силен имунитет и треба редовно да ја консумирате.

Додадете зрнца од калинка во вашите овошни салати, измешајте сок од калинка со сок од лимон, додадете го во салати или украсете го печеното месо.

Печурки

Печурките се полни со селен и витамини од групата Б, кои се важни за совршено функционирање на имунолошкиот систем. Покрај тоа, тие се полни со полисахариди, молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Тие се одлична намирница за готвење бидејќи добро ги поднесуваат другите намирници.

Доколку одлучите да ги испечете на грил тавче, сигурно ќе уживате во интензивниот и полн вкус на печурките, подгответе ги со јајца бидејќи се одлична комбинација. Тие се фантастичен додаток на супи, салати или тестенини. Можете да ги ставите во сендвичи или да ги надополните со вашите омилени зачини или со ориз.