Еве уште еден одличен рецепт за вегетаријански бургери кои можете лесно да си ги направите дома. Можете да користите веќе сварен грав од конзерва
Ако сте вегетаријанец или само сакате да направите оброк без месо, испробајте го овој хит рецепт за хамбургер кој ќе ги задоволи и најпребирливите непца.
Состојки:
240 г варен црн грав
1 црвен кромид
75 г сечкани ореви
1 морков
2 белки
Малку сол
1 лажичка ким о прав
1 лажичка црвен пипер
100 г презли
4 пецива за хамбургер
Додатоци за хамбургерите:
Црвен кромид исечен на тркалца
Зелена салата
Домат
Кечап
Павлака
Сенф
Приготвување:
- Во поголем стаклен сад со вилушка згмечете го гравот и додадете му ги кромидот, оревите, ренданиот морков, белките, презлито и зачините.
- Од смесата обликувајте плескавици и наредете ги во подмачкана тепсија за печење. Печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени.
- Расечете ги пецивата и премачкајте ги со смеса од павлака и јогурт. Додадете зелена салата, плескавицата, кромид и домат и послужете ги.