Природен лек за висок крвен притисок
Не треба да се заборави дека хипертензијата е многу важен кардиоваскуларен фактор на ризик и дека пациентите со хипертензија развиваат коронарна болест десет години порано од нивните врсници кои ја немаат.
Артериската хипертензија е една од најчестите болести денес. Се верува дека една третина од возрасната популација има крвен притисок кој треба да се лекува, а овој процент варира во зависност од исхраната, физичката активност и возраста.
Веројатно нема човек кој барем еднаш немал проблем со висок крвен притисок, а дополнителен проблем во лекувањето на хипертензијата е што терапијата се зема нередовно и често во недоволни дози.
Хипертензијата најчесто се јавува како идиопатска, што значи дека причината за нејзината појава е непозната. Во мал процент (3-5%) хипертензијата е последица на болести на други органи и системи.
Крвниот притисок е под влијание на многу фактори и внатре и надвор од телото. Се зголемува со прекумерно внесување сол и течности, дебелина, прекумерно внесување алкохол и кафе, пушење и физичка неактивност.
Симптоми:
Високиот крвен притисок е многу често болест која се јавува со многу малку симптоми, па дури и без нив.
Пациентите со висок крвен притисок може да имаат широк спектар на симптоми, во зависност од тоа дали некој друг органски систем бил нападнат и оштетен од долготрајна хипертензија.
Органите кои најмногу страдаат и се оштетени од хипертензијата се: срцето, очите, бубрезите и крвните садови.
Не треба да се заборави дека хипертензијата е многу важен кардиоваскуларен фактор на ризик и дека пациентите со хипертензија развиваат коронарна болест десет години порано од нивните врсници кои ја немаат.
Најчестите симптоми кои ги доживуваат пациентите со висок крвен притисок се: главоболки (особено во тилот), несвестица, зуење во ушите, нестабилност при одење, болка или слични сензации во градите, отежнато дишење, чувство на брзо или неправилно чукање на срцето и така натаму.
Природен начин за намалување на високиот крвен притисок:
Состојки:
– рендан ѓумбир (1 парче 3 цм)
– 1 чешне лук (рендано)
– 1 лажица јаболков оцет
– 1 лажичка мед
– 1 лажица сок од лимон
Приготвување:
Само ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Потоа, добиената смеса ставете ја во фрижидер.
Како да се користи:
Консумирајте 1 лажица од овој лек наутро пред појадок и 1 лажица од овој лек навечер пред вечера.
Не треба да го консумирате овој лек повеќе од 3 пати на ден. Се користи само една недела, по што веќе би требало да има добри резултати.
Постапката може да се повтори по 10-дневна пауза.