Млеко со жалфија против сува и заморна кашлица

Фото: Pexels
144

Народната медицина препорачува при сува кашлица да се земе уварок од жалфија во млеко. Се верува дека напитокот од млеко и жалфија ја омекнува сувата, напорна кашлица, ја раствора слузта, стимулирајќи го нејзиното исфрлање и го олеснува кашлањето. Има антисептички и антиинфламаторни ефекти

Кашлицата е спазматична мускулна контракција која му помага на телото да се ослободи од слузта што се акумулирала во бронхиите и која може да биде инфективна.

Значи, кашлицата е помошник што треба да се поддржи.

Зошто жалфијата помага во ублажување на кашлицата?

Високата ефикасност на ова растение се објаснува со содржината на вредни есенцијални масла во нејзините лисја, кои имаат антибактериско и антиинфламаторно дејство. Тие исто така содржат многу фосфорна киселина, витамини Ц, Б1, П и танини.

Народната медицина препорачува при сува кашлица да се земе уварок од жалфија во млеко. Се верува дека напитокот од млеко и жалфија ја омекнува сувата, напорна кашлица, ја раствора слузта, стимулирајќи го нејзиното исфрлање и го олеснува кашлањето. Има антисептички и антиинфламаторни ефекти и придонесува за побрзо закрепнување.

Млеко со жалфија против кашлица – Рецепт
Состојки:

250 мл млеко (може да биде и од растително потекло)

1 лажица чај од лист од жалфија

1 лажичка путер

1 лажичка мед

Половина до 1 лажичка куркума

Подготовка:

Во тенџере истурете 250 мл млеко, додадете 1 лажичка чај од лист жалфија, па оставете да зоврие на тивок оган.

Штом млекото ќе зоврие, веднаш тргнете го од шпоретот. Додадете 1 лажичка путер, покријте и оставете да отстои околу 15 минути.

После тоа, процедете и додадете 1 лажичка мед и една лажичка куркума (за деца – половина кафена лажичка) и промешајте.

Употреба:

Овој напиток треба да се испие цел, половина час пред спиење.

Ќе имате мирна ноќ без заморна кашлица.

Можете да го подготвувате неколку дена, додека не почувствувате олеснување и лесно искашлување слуз од бронхиите.

Рецептот може да го користат и деца и возрасни, но не се препорачува за доилки бидејќи може да ја запре лактацијата.

Исто така, претпазливи треба да бидат и луѓето кои се склони кон бубрежни заболувања и низок крвен притисок.