Вкусна, крцкава и лесна вртена пита

107

Иако не се прави баш брзо, вреди да се потрудите. Вкусна е со што и да ја наполните.

За оваа пита ви треба малку повеќе време, ама затоа во неа ќе ужива целото семејство.

За да ја направите ќе ви треба малку повеќе време, ама затоа ќе имате вкусен ручек.

Питата можете да ја филувате со што сакате, со компири, месо, кисела зелка, јајца и урда, изборот е ваш.

Инаку, за самите кори не ви треба ништо посебно, само брашно, сол, вода и зејтин.

Состојки:

1 кг брашно

1 лажичка сол

2-3 лажици масло плус масло за попрскување на корите

млака вода (ќе ставате малку по малку додека не го замесите тестото)

Приготвување:

Замесете тесто од состојките и направете 14 топчиња. Растегнете ги малку и намачкајте ги сите со масло, а потоа ставајте ги по две едно врз друго, како на фотографијата.

Покријте ги со проѕирна фолија, а потоа со крпа и оставете ги да одморат 45 минути.

Сите 7 едно по друго, развлекувајте ги со раце врз платнен чаршаф на кујнската маса. Тегнете колку што можете повеќе, полека, од сите страни. Не е важно ако некаде кората ви се скине.

На секоја кора ставајте од филот и виткајте ги. Редете ги во подмачкана тепсија во круг или од секоја направете посебни банички.

Печете ја питата во загреана рерна околу 30 минути.

Кога ќе биде готова попрскајте ја со вода и покријте ја со крпа.