Природен антибиотик кој ефикасно уништува бактерии и вируси
Маслото од диво оригано е особено ефикасно против бактериите од родовите Staphylococcus, Escherichia, Salmonella и други чести бактерии. И тоа не е сè!
Маслото од диво оригано е природен лек за несоница и опуштање, грчеви, стомачни проблеми, болести на белите дробови и орална хигиена. Се користи и за лекување на уринарни инфекции и воспаленија поврзани со уринарниот тракт.
Со оглед на тоа што етеричното масло од ова растение се апсорбира преку слузокожата и има силно антисептично дејство, корисно е и за болки во грлото, синузитис и болести на непцата.
Борец против кандида
Покрај антисептичното дејство, билката има и антигабични својства. Затоа се смета за идеален во борбата против кандидијаза.
Поради своите својства, тој се смета за најмоќниот природен антибиотик, а особено е ефикасен против бактериите од родот Staphylococcus. Маслото од диво оригано покажало добри ефекти и против Escherichia coli, салмонела и други чести бактерии.
Ако пиете чај од диво оригано, тоа ќе има позитивни ефекти за лекување на воспалителни и други процеси на кожата, како што се егзема, осип и брадавици, но треба да се пие во умерени дози, бидејќи премногу од овој чај може да има опојно дејство.
Ги уништува и добрите и лошите бактерии
При користење на маслото од диво оригано мора да се внимава, бидејќи освен патогените бактерии, може да ги уништи и бактериите кои природно се присутни во организмот и се пожелни. Поради оваа причина, неопходно е да се следат упатствата за употреба на производот или да се консултирате со фармацевт.