Вирална пита со вино (ВИДЕО)

Фото: Pexels
56

Крцкава кора, шише добро црвено вино, густин, шеќер, ванила, цимет… ова се основните состојки на овој вирален рецепт кој ги подели мислењата на сладокусците.

Секој пат кога на социјалните мрежи ќе се појави нов тренд за храна, тој предизвикува различни реакции – од воодушевување до згрозување.

Така е и со овој вирален десерт, пита со вино, кој некои го сметаат за брилијантна идеја и совршен десерт, додека други го сметаат за хорор што треба да се проба само еднаш или ниту еднаш.

Постојат различни верзии на овој десерт – една од нив е дека сите состојки (црвено вино, шеќер, густин, ароми) се мешаат, питата се става во рерна и се пече 30-40 минути.

Друга верзија е тестото да се испече однапред, а потоа да се зготви филот со вино на шпоретот, да се истури врз печеното тесто и да се остави питата убаво да се излади.

Во филот за оваа пита може да се додадат разни зимски зачини, кои најчесто се користат за варено вино – цимет, каранфилче, морско оревче…

Исто така, оние кои ја пробале оваа чудна пита се колнат во верзијата во која се додава темно чоколадо. Од идеите за сервирање, најпопуларна е да се послужи винската пита со шлаг.

Како да ја направите оваа интересна пита со црвено вино, погледнете во видеото подолу: