Лимон во кисела вода: Најмоќниот напиток кој ќе го стопи салото на стомакот

Фото: Pexels
167

За да се ослободите од тврдоглавите масни наслаги барем делумно, а на вашето тело да му овозможите детоксикација, сега е идеално време за кура со популарната Саси вода (Sassy water).


Минатогодишниот светски бестселер „Исхрана за виток струк“ најде бројни обожаватели ширум светот кои самите сведочеа за големото влијание на содржината на книгата врз нивното здравје и изглед.

Авторките, нутриционистката Синтија Сас и уредничката на списанието за здравје, Лиз Вакариело, се дуото одговорно за револуционерната исхрана во чиј фокус е водата. Но, не се работи само за обична вода, туку за напиток чии состојки се најсилните согорувачи на вишокот килограми, или поточно, на масните наслаги.

Покрај тоа, магичната вода е одговорна за ревитализација на целиот организам бидејќи го зајакнува кардиоваскуларниот систем и го ослободува телото од сите насобрани токсини.

Еве како да ја подготвите:

Состојки:

2 литри вода

1 лажица рендан корен од ѓумбир

1 тенко исечена краставица без кора

1 лимон

12 листови нане

Подготовка:

Измијте го лимонот и исечете го на тркалца и секое благо засечете го по кората. Излупете го и изрендајте го ѓумбирот и додадете го во подготвената вода заедно со листовите нане.

Оставете ја смесата во фрижидер преку ноќ, а следниот ден почнете да ја консумирате следејќи ја и оваа диета:

Појадок – чаша Sassy вода и лесен појадок како житарки, обезмастено млеко, семки од сончоглед или овошје како ананас

Ручек – чаша Саси вода, риба, по можност на пареа или варена во вода и салата со зеленчук

Вечера – чаша Саси вода, риба, варен компир и боранија

Како меѓуоброци можете да јадете јогурт, бобинки, зеленчук и овошни сокови подготвени од свежо овошје. Овој тип на диета треба да се одржува најмалку четири дена за да се видат видливи промени во телото.