Одлични трикови за совршени лазањи

Фото: Pexels
74

Кога станува збор за тестенини, Италијанците се, во вистинска смисла на зборот, авторитет. Затоа тие се првите кои ги слушаме кога имаат добри совети како да се направат совршени лазањи.

На сајтот на италијанската туристичка агенција Walks of Italy дознавме дека многу Италијанци го менуваат правецот на тестенините во секој слој при редењето на лазањи, а еве што точно значи тоа.

„За да им помогнат на лазањите да ја задржат својата форма по сечењето и послужувањето, многу Италијанци наизменично ја менуваат ориентацијата на листовите тестенини во секој слој“, советуваат тие.

Значи, ако го поставите првиот слој тестенини по должина, вториот слој ќе го поставите попречно, и така наизменично во секој слој. Иако можеби изгледа бесмислено, ова е еден од оние трикови на италијанските баби во кои Италијаните се колнат.

Се разбира, многу поголемо влијание врз стабилноста на лазањите, отколку начинот на кој се наредени листовите тестенини, ќе има во зависност од тоа колку долго ќе ги оставите да одморат по печењето, а експертите препорачуваат помеѓу 30 и 45 минути.

Но некои, не само што ги оставаат лазањите да одморат по печењето, туку ги оставаат да отстојат најмалку шест часа пред да ги стават да се печат во рерна.

На овој начин, сувите листови тестенини имаат доволно време да омекнат, што значи дека не мора прво да ги варите.

И трето, Италијанците традиционално користат многу повеќе морско оревче отколку што можеби очекувате – додавањето на овој зачин во бешамелот може да им го даде на вашите лазањи оној вистински неверојатен ефект.