Не го избегнувајте лебот, ова се 7 добри причини за тоа!

Фото: Freepik
87

Тековните упатства за исхрана препорачуваат зголемување на консумацијата на целосни житарки и обезбедуваат ветувачки докази дека тоа може да ви помогне да го продолжите вашиот животен век.

Нутриционистите се согласуваат – постојат голем број причини зошто треба да ѝ се препуштите на вашата желба за јаглени хидрати. Ова се седумте најважни.

Ќе имате повеќе енергија.
Јаглехидратите не се нужно лоши за вас, вели Даун Џексон Блатнер, авторка на The Superfood Swap. Вистинскиот вид на јаглени хидрати обезбедуваат долготрајна енергија во текот на денот, како и голем број други здравствени придобивки.

Не го отфрлајте секој леб. Белото брашно е преработено и нема важни хранливи состојки како што се влакната, но верзиите од цели зрна се помалку преработени и имаат повеќе влакна, што ги прави поздрави, советува Блатнер.

Ќе бидете поздрави.
Јадењето интегрален леб има бројни здравствени придобивки. Преглед на студии објавени во American Journal of Clinical Nutrition покажал дека јаглехидратите од цели зрна може да го намалат ризикот од смрт од која било причина, кардиоваскуларни болести или рак. Најмногу придобивки ќе добиете од консумирање најмалку три порции интегрални житарки дневно, но дури и една порција дневно го намалува ризикот од хронични заболувања.

Подолг живот
Истражувачите од Harvard School of Public Health откриле врска помеѓу исхраната богата со цели житарки и ризикот од смрт. Нивните резултати, објавени во JAMA Internal Medicine, покажале дека консумирањето цели зрна го намалува севкупниот ризик од кардиоваскуларни болести.

Овие наоди дополнително ги поддржуваат тековните насоки за исхрана кои препорачуваат зголемување на потрошувачката на цели зрна… и исто така обезбедуваат ветувачки докази кои сугерираат дека исхраната збогатена со цели зрна може да придонесе за подолг животен век, напишаа авторите на студијата.

Ќе се чувствувате посреќни.
Јаглехидратите го зголемуваат нивото на невротрансмитерот серотонин во мозокот, кој го подигнува вашето расположение и ја намалува желбата за нездрави грицки како слатките. Ќе ги намалите стресот и анксиозноста.

Да, ќе ослабнете.
Лебот од цело зрно е богат со диетални влакна, кои имаат бројни придобивки за слабеење.

Прво, влакната се шират за да го наполнат стомакот, што значи дека побрзо ќе се чувствувате сити. А бидејќи се работи за сложени јаглехидрати, интегралната пченица побавно ќе се вари, па ќе се чувствувате задоволни долго откако ќе ја напуштите трпезата. Покрај тоа, влакната спречуваат скокови и падови на шеќерот во крвта во текот на денот.

Ќе си го регулирате одењето во тоалетот.
Влакната се корисни за уште една телесна функција: движењето на дебелото црево. Јаглехидратите од цели зрна го одржуваат нашиот дигестивен систем и му помагаат на телото редовно да го елиминира отпадот. Внесувањето на цели зрна може да игра голема улога во постигнувањето на препорачаната доза од 28 грама влакна дневно.

Лебот од изртени житарки има повеќе апсорбирачки протеини, витамини и минерали и може да биде уште полесен за варење, вели Блатнер.

Поздрава кожа и коса
Кој би помислил дека убавината може да има каква било врска со лебот? Но, вистината е: интегралниот леб е преполн со витамини Б и протеини, што придонесуваат за убава кожа и коса.