Содржи протеини, витамин К и голем број минерали кои му се потребни на човечкото тело, како што се манган, фосфор и магнезиум. Оваа житарка го намалува ризикот од дијабетес, а исто така е корисна и за превенција од малигни заболувања.
Спелтата е исклучително здрава житарка бидејќи не е индустриски изменета. Лесно е сварлива и има помала содржина на глутен. Затоа често се препорачува за постари луѓе.
Содржи протеини, витамин К и голем број минерали кои му се потребни на човечкото тело, како што се манган, фосфор и магнезиум. Оваа житарка го намалува ризикот од дијабетес, а исто така е корисна и за превенција од малигни заболувања.
Спелтата потекнува од Азија, каде што се одгледувала уште во 5.000 п.н.е. Се проширила во Европа, каде што била особено ценета од старите Грци и Римјани. Полесно е сварлива и хранливо богата, а денес, како и на киноата, ѝ расте популарноста ширум светот. Станува збор за изворна житарка која не е индустриски изменета како пченицата.
Богата е со витамини, но треба правилно да се приготви
За исхрана најчесто се користи излупено зрно, брашното, снегулките и никулци од спелта. Спелтата содржи витамини од Б комплексот. Содржи најмногу витамин Б3, како и Б1, Б2, Б3, Б6 и Б9 и малку витамин Е. Содржи протеини, витамин К, минерали како манган, фосфор, магнезиум, цинк и железо и малку калиум, калциум, натриум, цинк, бакар и селен. Содржината на глутен е мала, што ја прави спелтата полесна за варењето од пченицата, поради што особено се препорачува за деца и за постари лица. За варење се добри и лушпите од псилиум, за кои пишувавме овде.
За да го извлечете максимумот од ова зрно, треба правилно да го готвите. Се верува дека со процесот на мелење во брашно или со пресување во снегулки губи некои витамини и минерали, но значително помалку отколку што е случајот со другите житарки.
Спелтата го зајакнува имунолошкиот систем, за што значително придонесуваат неговите антиинфламаторни ефекти. Богатството со витамини и минерали го подобрува имунитетот, особено бакар, цинк, манган и железо. Корисна е за спречување на малигни заболувања, а ја подобрува функцијата на цревата и генерално добро делува на дигестивниот систем бидејќи влакната благотворно делуваат на цревната перисталтика.
Ја зголемува енергијата и го регулира метаболизмот
Спелтата го намалува ризикот од развој на дијабетес. Тоа е затоа што целите зрна од спелта имаат понизок гликемиски индекс поради сложените јаглехидрати и влакна. Исто така, има корисен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем. Интегралната спелта обезбедува чувство на ситост на подолг временски период поради своите влакна, а гликозата постепено влегува во крвотокот и не предизвикува нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта. Спелтата не е единствената таква житарка, една порција булгур содржи многу влакна, за што пишувавме овде.
Тоа е добра замена за храна со повисок гликемиски индекс, како што се пченица, гриз, производи од бело брашно, компири и ориз. Корисните диететски влакна во спелтата помагаат во намалување на лошиот холестерол. Исто така, спелтата ја зголемува енергијата, го регулира метаболизмот и ја балансира функцијата на хормоните. Иако не содржи многу калциум, таа е богата со фосфор и магнезиум, кои се неопходни за вградување на калциумот во коските.