Домашната паштета од пилешки гради е ароматизирана со каперси, маслинки и медитерански билки, а можете лесно и да ја прилагодите.
Најдобра паштета е несомнено онаа домашната затоа што не само што знаете какво месо има во неа, туку и лесно можете да ја прилагодите на вашиот или на вкусот на вашето семејство.
Домашната паштета од пилешки гради е зачинета со каперси, маслинки и медитерански билки, а лесно можете да додадете малку сенф, па дури и мајонез или да ги прилагодите количините по ваш вкус.
Ќе ви требаат само 20 минути за да ја направите – а ако ја правите со веќе сварено пилешко – ќе биде готово за едвај 5 минути. Чувајте ја паштетата во херметички затворена тегла во фрижидер до три дена.
Домашна паштета од пилешки гради – состојки
300 гр пилешки гради
1 млад кромид, сецкан
1 лажица каперси
1 лажица магдонос
10 зелени маслинки без семки
екстра девствено маслиново масло, по потреба
2 лажички сок од лимон
сол
бибер
По желба
1 лажица сенф
1/2 лажичка жалфија
1/2 лажичка мајчина душица
1 лажичка рендана кора од лимон
Подготовка:
Сварете ги пилешките гради во малку посолена зовриена вода. Исечете ги на помали парчиња.
Ставете ги сите состојки освен маслото, каперсите и билките во блендер и измешајте додека не се изедначи. Додадете малку масло и кратко блендирајте. Рачно измешајте ги каперсите и билките, за добро да се соединат и префрлете ја паштетата во тегла со херметички капак.