Онколог тврди: Оваа намирница може да го намали ризикот од рак на дебелото црево
Експертите не се сосема сигурни што го предизвикува зголемувањето на случаите на рак на дебелото црево кај помладите, но се сомневаат дека тоа може да се припише на лошата исхрана, а дел од вината може да се припише и на екстремната популарност на ултра преработената храна и недоволната физичка активност.
Врвен онколошки хирург им порачува на луѓето да додадат порција јогурт во нивната секојдневна исхрана за да го намалат ризикот од рак на дебелото црево.
Професорот Џастин Стебинг тврди дека овој популарен млечен производ природно содржи бактерии кои се борат против ракот, а со тоа го намалува ризикот од рак на дебелото црево за дури 20 проценти. Тој истакнува дека како онколог многу луѓе го прашуваат како можат да го намалат ризикот, а одговорот е толку едноставен.
Има сè повеќе докази кои сугерираат дека редовното консумирање јогурт може да има заштитен ефект против одредени агресивни видови на рак на дебелото црево.
Сепак, не ги даваат сите јогурти истите придобивки. Различните процеси на ферментација може да резултираат со различни нивоа на корисни бактерии, затоа дајте им предност на јогуртите кои содржат живи култури, вели проф.Стебинг.
Тој додава дека обичниот, бел, незасладен и полномасен јогурт е најбогат со протеини и содржи најмалку шеќери и адитиви.
Скапоцени бифидобактерии
Советите на професорот Стебинг следуваат по импресивната студија објавена минатиот месец, која покажала дека луѓето кои јаделе најмалку две порции јогурт неделно во текот на три децении, имале за петтина помал ризик од развој на одредена форма на рак на дебелото црево.
Поконкретно, тие имале помал ризик од развој на тумори кои содржат бифидобактерии. Ова е вид на бактерија присутна во цревата и е корисна бидејќи помага во варењето на влакната и штити од инфекции.
Но, овој ист вид на бактерии е присутен и кај некои видови на рак на дебелото црево, иако експертите сметаат дека тие не се причина за ракот. Сепак, како што вели проф. Стебинг, овие типови на тумори имаат една од најниските стапки на преживување.
Експертите веруваат дека бифидобактериите природно присутни во јогуртот имаат антитуморно дејство, спречувајќи формирање на тумор, иако точниот механизам на нивното дејство сè уште не е целосно разбран. Исто така, се верува дека јогуртот може да има антиинфламаторно дејство на слузницата на дебелото црево, што дополнително го намалува ризикот од рак.
Млекото исто така штити
Студијата спроведена на Универзитетот Харвард, во која беа опфатени повеќе од 130.000 луѓе, не е прва што откри врска помеѓу млечните производи и заштитата од рак на дебелото црево. Британската студија објавена во јануари оваа година покажа дека зголемувањето на внесот на млеко за само една чаша дневно може значително да ја намали веројатноста за развој на рак на дебелото црево. Научниците собрале податоци од повеќе од 542 жени и откриле дека оние кои пијат по една голема чаша млеко дневно имаат 17 отсто помал ризик од развој на оваа смртоносна болест.
Тие претпоставуваат дека позитивниот ефект може да се припише на влијанието на млечните производи врз здравата цревна флора, што може да се објасни со високата количина на калциум во нив.
Можно е калциумот да штити од рак со врзување на потенцијално штетните материи во цревата за себе и ја поттикнува смртта на абнормалните клетки, објаснил проф.Стебинг.
Сè повеќе млади луѓе се разболуваат
Препораките на професорот Стебинг доаѓаат во време на глобална пандемија на рак на дебелото црево меѓу луѓето помлади од 50 години, кои инаку се здрави и во добра форма. Неодамнешната ревизија на 50 нации покажала дека случаите на рак на дебелото црево кај луѓето под 50 години се во пораст во сите нации вклучени во студијата.
На глобално ниво, бројот на помлади заболени луѓе се зголемил за 50 проценти во текот на изминатите 30 години.
Експертите не се сосема сигурни што го предизвикува зголемувањето на случаите на рак на дебелото црево кај помладите, но се сомневаат дека тоа може да се припише на лошата исхрана, а дел од вината може да се припише и на екстремната популарност на ултра преработената храна и недоволната физичка активност.