Јагнешко за мераклиите, супа и салата за вегетаријанците

Фото: Freepik
930

Кога станува збор за велигденски солени деликатеси, повеќето луѓе не можат да го замислат велигденскиот ручек без месо. Секако, најчесто за Велигден се пече јагнешко месо. А за оние кои не јадат месо, имаме супер вкусна велигденска салата со грав која веројатно ќе ја јадат сите и вкусна супа од моркови и кокосово млеко

За многу луѓе, јагнешкото месо е нешто што секогаш се поврзува со Велигден и со велигденската трпеза. Јагнешкото се вбројува во црвено месо, па затоа не е добро често да се јаде, но празниците се можност да се ужива во храната што инаку поретко се јаде.

Затоа, најдовме одличен рецепт за оние кои не можат да го замислат велигденскиот ручек без месо, и тоа токму без јагнешко.

Главното јадење може да биде јагнешко месо со вкусен фил и мешавина од различни зачини. А подолу имаме и рецепт за супа од моркови и кокосово млеко и салата со грав.

Нема да им одолеат ниту оние кои ќе го јадат јагнешкото.

Состојки за јагнешкото:
2 јагнешки нозе
2 моркови (исечени на тркалца)
6 чешниња лук
6 гранчиња рузмарин.

Состојки за филот:
1/4 шолјичка маслиново масло
1 лажичка сок од лимон
кора од 1 лимон
половина црвена пиперка (сечкана)
8 чешниња лук (здробени)
1 шолјичка индиски ореви (ситно сечкани)
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка црн пипер
половина лажичка мешавина од италијански зачини
2 лажички свеж магдонос (сечкан)
2 лажички свеж рузмарин (сечкан).
Состојки за преливот:
1/4 шолјичка маслиново масло
1/4 шолјичка мед
2 лажички сок од лимон.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 °C.
Месото исушете го со хартиени салфети, а потоа посолете го и направете зарез до половина од бутот за да оставите простор за филот.
Измешајте ги сите состојки за филот.
Во посебен сад измешајте ги сите состојки за преливот.
Садот за печење премачкајте го со маслиново масло.
Јагнето наполнете го со филот и затворете го со чепкалки.
Ставете го во садот за печење и прелијте го со сосот.
Во садот наредете ги морковите, свежите гранчиња рузмарин и цели чешниња лук.
Јагнето печете го околу час и половина, но по 30 минути прелијте го со сосот и правете го тоа на секои 15 минути до крајот на печењето.
Кога ќе се испече, поросете го со сечкан рузмарин и магдонос.

Супа од морков и кокос
Оваа супа ќе ве подготви за главното јадење, а комбинацијата на состојки ќе ви даде допир на егзотика.

Состојки:
1 кромид (сечкан)
2 чешниња лук (сечкани)
1 лажичка кокосово масло
1 лажичка рендан ѓумбир
1 сладок компир (излупен и исечен)
5 шолјички моркови (излупени и исечкани)
4 чаши супа од зеленчук (или вода)
1 чаша вода
2 стебленца целер (сечкани)
околу 400 гр кокосово млеко од конзерва
половина лажичка мелена мајчина душица
половина лажичка ким
сол
бибер
свеж магдонос (сечкан, по избор)
семки за поросување.

Подготовка:
На стопено кокосово масло пропржете ги кромидот, лукот и ѓумбирот.
По пет минути, додадете ги морковите, целерот и слаткиот компир и продолжете да варите уште пет минути.
Истурете ја супата од зеленчук, додадете ким, мајчина душица, сол и бибер и варете додека зеленчукот не омекне.
По околу половина час, изблендирајте.
Додадете го кокосовото млеко и варете уште пет минути, па повторно изблендирајте.
Проверете дали треба да додадете повеќе зачини.
Поросете ја супата со свежо сечканиот магдонос, а одозгора додадете семки по желба.

Велигденска салата од грав

Послужете ја салатата од грав како прилог со јагнешкото или како посебно јадење за оние кои не јадат месо. Можете да додадете сечкан млад кромид или класичен црвен кромид.

Исто така, додадете малку зелен зеленчук по желба.

Состојки:
1/3 шолјичка маслиново масло
рендана кора од 1 лимон
сок од 1 лимон
1/4 шолјичка кромид (сечкан)
1 чешне лук (притиснато)
2 лименки грав
сол
црн пипер
2 млади кромитчиња (сечкани)
неколку ротквици (исечени)
1/3 шолјичка свеж магдонос (сечкан)
свежо или суво оригано.

Подготовка:
Во сад измешајте маслиново масло, сок и кора од лимон, кромид, лук, сол и бибер.
Додадете грав, млад кромид, ротквица, оригано и магдонос и измешајте.
Зачинете со сол и бибер по потреба.
Оставете во фрижидер најмалку 20 минути пред послужување, по можност преку ноќ.