Киселини: 7 намирници кои ја гасат „огнената“ болка
Ако често имате непријатно чувство на печење и болка зад градната коска, придружено со киселини, почнете да ги консумирате овие намирници
Киселините се симптом на болест на дигестивниот систем или несоодветна исхрана која е придружена со непријатно чувство на печење и болка зад градната коска. За среќа, има олеснување и за неа, а тоа доаѓа во форма на овие намирници.
Чај од ѓумбир
Исчистеното и исечкано парче ѓумбир (со големина на палец) сварете го во вода, оставете да отстои околу десет минути, па испијте го. Овој напиток е ефикасен против разни видови воспаленија, а ќе ги смири и киселините.
Банани
Ако почувствувате симптоми на киселина, јадете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количества киселини, со што го штити и смирува надразнетиот стомак.
Бадемово млеко
Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага да се неутрализираат стомачните киселини. Направете смути со бадемово млеко и задолжително додадете јагоди, банани и спанаќ.
Овесни снегулки
Вознемирениот стомак сака храна богата со диетални влакна, како овесните снегулки. Започнете го утрото со чинија житарки кои ќе ви дадат енергија за тој ден и ќе ја угасат евентуалната болка.
Морач
Во топла вода додадете две лажици семки од морач. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. Никогаш повеќе нема да знаете за киселини.
Кефир и алое вера
Помешајте една лажица сок од алое вера со кефир и изедете го за појадок. Ова е одлична комбинација која го смирува дигестивниот систем, а воедно е и доста вкусна.
Зелен лиснат зеленчук
Тешко е да погрешите со зеленчукот. Јадете повеќе зелен лиснат зеленчук како брокула, шпаргла, целер и карфиол, кои содржат малку киселини и добри се во борбата против киселини.