Седум намирници што му штетат на варењето и пет што го подобруваат

Фото: Freepik
49

Погледнете го водичот за исхрана и видете што е добро, а што лошо за вашето варење.

Теоретски, нашите тела треба да бидат способни да сварат секаков вид храна што ја јадеме. Но, промените во производството и подготовката на храна, како и седечкиот начин на живот, значи дека нашите стомаци не реагираат добро во сите ситуации. Погледнете го водичот за исхрана и видете што е добро, а што лошо за вашето варење.

Храна што може да биде лоша за варењето на храната
Чили пиперки – чили пиперките можат да го иритираат хранопроводот и да доведат до киселина, што може да биде проблем за оние кои страдаат од синдром на иритабилни црева или од хронична киселина.
Млеко – калциумот е неопходен во исхраната и најлесниот начин да го внесете е преку консумирање млечни производи, како што се млеко или сирење. Меѓутоа, ако сте нетолерантни на лактоза, тоа може да предизвика дијареја, гасови, надуеност и грчеви. Нетолеранцијата на лактоза е чест проблем и се јавува кога луѓето немаат доволно лактаза, ензимот што ја разградува лактозата (шеќер што се наоѓа во млекото).

Целијакијата, Кроновата болест и хемотерапијата можат да ги оштетат цревата, што исто така доведува до нетолеранција на лактоза.
Алкохол – го опушта телото, но и езофагеалниот сфинктер. Ова може да доведе до киселини. Исто така, може да доведе до воспаление на желудочната слузница, да се меша со одредени ензими и да се спречи апсорпцијата на хранливи материи. Премногу алкохол предизвикува дијареја и грчеви.
Бобинки и семки – Бобинките и семките се добри за здравјето, но храната со ситни семки може да биде проблем за луѓето со дивертикулитис (кога во дебелото црево се формираат мали кесички од цревната слузница). Теоријата е дека семето ги затнува кесичките и претставува ризик од инфекција. Ова не е докажано, но ако откриете дека семките (на пример, сончоглед или тиква) ги иритираат вашите црева, држете се подалеку од нив.
Чоколадо – една студија покажала дека чоколадото може да биде проблем за оние со синдром на иритабилни црева или хроничен запек. Но, проблемот не е самото чоколадо, туку млекото, кое често се содржи во чоколадните десерти. Исто така, и кофеинот кој предизвикува грчеви, надуеност и дијареја.

Кафето, чајот и безалкохолните пијалаци не само што претерано го опуштаат езофагеалниот сфинктер, туку можат да дејствуваат и како диуретик, што доведува до дијареја и грчеви.
Пченка – богата е со растителни влакна, но содржи и целулоза, вид на растителни влакна што луѓето тешко ги варат бидејќи им недостасува потребниот ензим. Ако добро ја џвакате пченката, веројатно лесно ќе ја сварите. Но, ако ја проголтате без доволно џвакање, може да предизвика гасови и болки во стомакот.

Најдобра храна за варењето

Јогурт – цревата се дом на милиони бактерии кои помагаат во варењето на храната, а јогуртот содржи некои видови добри бактерии.
Зелка – Зелката го подобрува растот на здрави бактерии во дебелото црево. Исто така, ги елиминира токсините од цревата и го поттикнува редовното празнење на цревата. Киселата зелка е добра од истата причина.
Ѓумбир – овој зачин се користи илјадници години како природен лек за ублажување на гадење, повраќање, гасови, губење на апетит итн. Сепак, најдобро е да го консумирате умерено, бидејќи големи количини можат да ви наштетат. Повеќе од два до четири грама дневно може да предизвикаат киселина.

Посно месо и риба – ако јадете месо, изберете пилешко, риба и друго посно месо, бидејќи тие ќе бидат полесни за варење од сочен стек. Посното месо и рибата, исто така, не се поврзани со зголемен ризик од рак на дебелото црево како масното црвено месо.
Целите зрна – како што се лебот од цело зрно, овесот и кафеавиот ориз, се добар извор на растителни влакна, кои помагаат во варењето на храната. Влакната, исто така, ве прават да се чувствувате сити подолго време и го намалуваат холестеролот, но можат да предизвикаат гасови, надуеност и други проблеми кај луѓето кои одеднаш го зголемуваат внесот – па затоа е важно полека да го зголемувате во вашата исхрана.
Банани – ја нормализираат функцијата на цревата, особено ако имате дијареја. Покрај тоа, тие ги враќаат изгубените електролити и калиумот во телото.