Спанаќ без маана: Пет чекори за зачувување на сите хранливи материи

Фото: Арт кујна
134

Околу 30 грама сиров спанаќ ќе обезбедат 16 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин А и 120 проценти витамин К.

Спанаќ треба да јадеме преку целата година, но особено во пролетните месеци кога на телото, по исцрпувачката зима, му недостасуваат витамини и минерали. Приближно 30 грама сиров спанаќ ќе обезбедат 16 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин А, како и 120 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин К.

Здравје на срцето и очите

Овој моќен зеленчук, исто така, може да се пофали со антиоксиданти кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од болести. Имено, темнолиснатиот зеленчук како спанаќот има исклучително висока содржина на бета-каротен и лутеин, два антиоксиданти кои се поврзани со намален ризик од рак.

Дополнително, спанаќот може да го одржи здравјето на срцето со тоа што помага во намалување на крвниот притисок. Покрај тоа, бројните антиоксиданти и витаминот К што се наоѓаат во овој зеленчук можат да бидат корисни за здравјето на срцето и да го намалат ризикот од заболувања. Спанаќот содржи витамин А и каротеноидните пигменти лутеин и зеаксантин, а овие супстанции играат важна улога во заштитата на окото од оштетување предизвикано од изложување на сонце и промени во окото предизвикани од стареење.

Меѓу неговите посилни состојки се витамините Б и Е, како и магнезиумот, калциумот, калиумот, натриумот, фосфорот, цинкот, сулфурот, јодот, бакарот, аминокиселините аргинин и лизин, како и диететските влакна.

Но, како правилно да го готвите овој вреден зеленчук, а воедно да зачувате што е можно повеќе од овие хранливи материи? Следете ги овие пет правила:

Отстранете ги петелките – Оксалната киселина може да ги затне бубрежните канали, па затоа на пациентите со бубрежни заболувања им се препорачува да го исклучат спанаќот од исхраната. Секој друг на кого му се допаѓа и сака да го јаде, треба да ги отстрани петелките пред готвење бидејќи тие содржат најмногу оксална киселина.

Гответе го со млеко – Штетните ефекти на оксалната киселина може да се ублажат со готвење на спанаќот со млеко. Тогаш таа се врзува за калциумот од млекото, формирајќи нерастворливо соединение – калциум оксалат, кое се излачува од организмот. Но со ова исто така се отстранува и калциумот од телото. Спанаќот содржи и мокрачна киселина и т.н. пуринска база, па затоа не се препорачува за луѓе со гихт, хепатитис, артритис или за луѓе со камчиња во жолчката и во мочниот меур.

450 грама по лице – Спанаќот значително губи тежина и содржина на вода за време на термичката подготовка. Затоа, без оглед на методот на подготовка, треба да купите 450 г свеж спанаќ по лице. Најдобро е да го подготвите веднаш, но ако навистина морате, можете да го чувате во кеса во фрижидер два или три дена. Надвор од сезона, практично е да се замени со замрзнат.

Пет минути – Потопете го исчистениот и измиен спанаќ во вода (колку помалку толку подобро), покријте и гответе (можете и да го готвите на пареа) пет минути. Сварениот спанаќ потопете го во ладна вода за да ја задржите неговата убава боја. Потоа добро процедете и исцедете го вишокот течност.

Фрлете ја водата – Секогаш треба да се подготвува непосредно пред јадење бидејќи не треба повторно да се загрева поради формирање на нитрати, кои со делување на бактериите во дебелото црево, се претвораат во нитрозамини, кои пак дејствуваат канцерогено. Фрлете ја водата во која сте го вареле спанаќот бидејќи е полна со нитрати.