Кафето се густира со саати, мача се пие веднаш!

Фото: Freepik
141

Додека свареното кафе може да го промени вкусот после 30 минути, а после тој период имате уште околу четири часа пред маслата во кафето да се разградат, што резултира со полош вкус на напитокот кој сепак е добар за консумирање, мачата треба да се испие во неколку мали голтки, додека е топла и додека активните состојки не почнат да се таложат.

Најчесто, кога се седнува некаде на кафе, тоа значи дека пиењето кафе може да се оддолжи и на саат или два. Сеедно дали ќе испиеме едно или две, повеќето од нас знаат да го густираат кафето барем половина час.

И додека црното кафе е безбедно за консумирање и откако ќе отстои, иако нема да има ист вкус како кога е свежо сварено, кај нас релативно новиот популарен напиток, мача, треба да се испие што побргу, ако сакате да ги задржи здравствените придобивки за организмот.

Па така, кафето е препорачливо да го испиете во рок од половина час од варењето, а мачата – веднаш.

Што е мача?

Мача (matcha) е фин прав добиен од специјално одгледани и обработени листови од зелен чај. За разлика од обичниот зелен чај, каде што листовите се потопуваат во вода и потоа се фрлаат, со мача всушност го пиете целиот лист во прав, што значи и повеќе хранливи материи и антиоксиданти.

Чајот мача потекнува од Јапонија, каде што се користи со векови, особено во јапонската чајна церемонија, но денес овој напиток е популарен ширум светот – како пијалак, но и како додаток во смутија, десерти и друга храна.

Како се прави матча?

Подготовката е едноставна, но бара малку внимание:

Загрејте вода – идеалната температура е околу 70–80°C, значи, да не е зовриена.

Ставете 1–2 грама мача прав (околу ½ мала лажичка) во шолја.

Додадете малку вода (околу 30 мл) и измешајте со традиционална четка (chasen) или со обична мала маталка додека не се создаде густа, пенлива смеса без грутки.

Додадете уште вода (100–120 мл) и продолжете со мешање ако сакате полесна верзија.

Како и кога се пие?

Мача се пие веднаш по подготовката, додека е свежа и пенлива. За разлика од кафето, кое често се „тегне“ и по цел саат, мачата треба да се испие во неколку мали голтки, додека е топла и додека активните состојки не почнат да се таложат.

Ова не е само прашање на вкус. Станува збор за тоа што антиоксидантите и аминокиселините (особено L-теанин) се најактивни веднаш по подготовката.

Здравствени придобивки

Мача е позната како суперхрана поради богатата содржина на:

Антиоксиданти (особено EGCG – епигалокатехин галат) – за заштита од оштетување на клетките и стареење

L-теанин – аминокиселина која го смирува умот и ја подобрува концентрацијата, особено во комбинација со кофеин

Кофеин – умерена доза која дава енергија без нагли „падови“ како што е случај со кафето

Влакна, хлорофил и витамини – како поддршка за варењето и имунитетот.

Мача е повеќе од чај – тоа е концентриран извор на енергија, концентрација и здравје во една шолја. За максимален ефект:

Пијте ја веднаш по подготовката
Не ја оставај да стои, бидејќи губи вкус и дел од активните материи
Идеално е да се пие наутро или пред ментален или физички напор