Оваа едноставна намирница може да го намали притисокот за само два часа
Ново истражување покажува дека една секојдневна намирница, често присутна на нашата трпеза, може да помогне за брзо намалување на крвниот притисок – дури и за помалку од два часа.
Високиот крвен притисок, познат и како „тивок убиец“, често поминува без симптоми, но може да доведе до сериозни компликации како што се срцев и мозочен удар, заболувања на бубрезите или проблеми со видот. Затоа е важно да се дејствува на време – а решението може да биде поедноставно отколку што мислиме.
Според професорот Тим Спектор од Кингс колеџот во Лондон, важно е да се зголеми внесот на влакна и калиум во нашата исхрана. Тој истакнува дека дополнителни пет грама влакна дневно можат да го намалат крвниот притисок до двојно повеќе отколку само со намалување на внесот на сол.
Иако е познато дека премногу сол ја влошува хипертензијата, научниците сега сè повеќе укажуваат на позитивното влијание на гравот, особено на потемните сорти како што се црвениот и црниот грав. Истражувачи од Универзитетот во Манитоба во Канада откриле дека консумирањето црвен грав може да го намали крвниот притисок во рок од само два часа, додека истиот ефект не е забележан кај, да речеме, оризот.
Нутриционистите нагласуваат дека темните сорти на грав се особено корисни за здравјето на крвните садови и одржувањето на нормален крвен притисок. Добрата вест е дека не мора да готвите обичен грав – дури и конзервираниот има ист ефект.
Нутриционистката д-р Линиа Пател советува:
„Конзервираниот грав има исти придобивки како и сувиот грав, а заштедува време бидејќи не мора да го потопувате преку ноќ. Ако брзате, отворете конзерва – единственото што е важно, е да го јадете редовно.“
Значи, ако барате брз, лесен и природен начин да го подобрите здравјето на срцето и крвните садови, гравот може да биде идеален избор – и вкусно решение кое делува по само еден оброк.