Шведска има хотел за стартери за домашен леб: Ги хранат и негуваат квасците како домашни миленици

Фото: Pexels
46

Во Шведска функционира уникатен концепт познат како хотел за чување и одржување на стартери за кисел леб. Овие услуги нудат привремен дом за вашето кисело тесто додека сте на одмор или на пат и го одржуваат во жива и активна форма.

Во Шведска функционира уникатен концепт познат како хотел за чување и одржување на стартери за кисел леб. Овие услуги нудат привремен дом за вашето кисело тесто додека сте на одмор или на пат, со специјална грижа што го одржува во жива и активна форма.

Имено, во Шведска, луѓето земаат околу пет недели годишен одмор, па нивните стартери долго остануваат без редовна нега. Без грижа, тие може да „умрат“ – што значи дека ќе треба да се започне од нула.

Ова е практична инвестиција за посветени домашни пекари и гастро‑ентузијасти.

Подготовката на добар квасец е многу работа, и ако го оставите предолго без храна и грижа целата таа работа може да биде залудна. Затоа, шведските хотели за квасец се грижат за нив додека сопствениците се на пат, на истиот начин како што функционираат и хотелите за домашни миленици.

Лебот од кисело тесто постои уште од стар Египет, но во последниве години киселиот, крцкав леб доживеа големо враќање во пекарниците и домашните кујни низ целиот свет, па дури и стана по малку лудост низ САД и Европа. Некои Швеѓани се особено опседнати со својот квасец, напишала Натали Ротшилд за „Гардијан“ во 2012 година.

Она што го разликува од другите видови леб е токму квасот или, како што го викаа нашите баби, мајата. Во суштина тие се мешавина од вода, брашно и див квасец што ферментира помеѓу сериите на леб. Но, додека лебот од квасец е лесен за правење, стартерот мора да се одржува во живот со тоа што ќе се „храни“ со малку вода и брашно секој ден. Колку е постар, толку е покисел лебот. Тоа можеби не е толку тешко ако сте професионален пекар, но ако одите на одмор и не сакате да направите потоа нов стартер, „хотелот за квасци“ можеби е вашиот најдобар избор.

Пионер во овој бизнис во Стокхолм бил Јеспер Константинов. Тој ја понудил услугата „Sourdough Hotel“ уште во 2011 година во рамките на својата деликатесна продавница и пекара Urban Deli во Стокхолм.

Подоцна, околу 2015 година, пекарницата RC Chocolat отворила хотел за квас во една од нејзините продавници на аеродромот Арланда во Стокхолм, кој работи 24/7.

Просторот на овие хотели е едноставен – полица или база каде што се сместуваат тегли со стартери од различни клиенти, со назнака кој стартер е чиј.

За 100-300 шведски круни неделно (12-36 долари во американски долари) оние кои патуваат можат да се опуштат знаејќи дека стручни лица ќе се грижат за нивните стартери, ќе ги хранат, дохрануваат, делат и множат нивните скапоцени квасци.

И треба да се запомни дека тие можат да живеат со генерации сè додека добро се грижите за нив, што е прилично неверојатно. Некои луѓе ги третираат токму така, како наследство за следната генерација.

Чудно, но практично. Она што започнало како шега, станала омилена услуга во Стокхолм и пошироко. Кога сопствениците ќе се вратат од одмор, тогаш и нивните квасци се враќаат дома од својот одмор, одморени и подготвени за печење.
Да, тие добиваат вистинска хотелска услуга каде што стартерот се третира како гостин.

Впрочем, станува збор за живи култури на кои им е потребно редовно хранење со брашно и вода. Овој концепт зборува за една поголема вистина. Лебот е повеќе од храна. Тој е жива традиција, а на некои места се третира со истата грижа со која се грижите за домашно милениче.