За срце, имунитет, за регулирање на притисокот…Зошто треба почесто да јадеме сливи?

Фото: Pixabay
60

Покрај тоа што нè прават среќни во кнедлите од компири, како и во комбинација со пандишпани или возбудливи торти – ова овошје е полно со витамин Ц, кој има силно антиоксидативно дејство, го штити здравјето на целото тело и го зајакнува имунолошкиот систем…

Сливите се овошје од семејството Розацеа, a познати се повеќе од 2000 негови подвидови, кои варираат од жолти до темно сини нијанси, а во нашиот регион најпопуларни се таканаречените магарешки сливи, а најчесто, како диво пораснати можеме да ги најдете раните сливи познати како џанки.

Сливите се суперовошје кое е полно со витамини, минерали и други корисни хранливи материи. Најдобро е да се јадат сирови, но може да се користат и за подготовка на џемови, компоти и разни други слатки и солени јадења.

Еве зошто треба почесто да ги ставате сливите на вашето мени.

Сливата е кралица на доброто варење
Сливите се богати со диетални влакна кои го стимулираат варењето и го чистат телото, а исто така го третираат и запекот.

Сливите го регулираат крвниот притисок
100 грама свежи сливи содржат дури 160 милиграми калиум. Овој минерал игра важна улога во регулирањето на крвниот притисок.

Сливите ја подобруваат работата на срцето
Истражувањата покажаа дека редовната консумација на сливи има корисен ефект врз срцето и целиот кардиоваскуларен систем.

Сливите го зајакнуваат имунитетот
Ова овошје е полно со витамин Ц, кој има силно антиоксидативно дејство, го штити здравјето на целото тело и го зајакнува имунитетот.

Сливите се добри за кожата
Слаткото темно сино овошје содржи и бета-каротен и витамин Е, кои ја одржуваат еластичноста на кожата, го забрзуваат заздравувањето на раните, а исто така имаат силни антиинфламаторни својства, поради што гарантираат прекрасен изглед на најголемиот орган.

Сливите се чувари на коските
Сливите содржат значителни количини на антиоксиданти како што се флавоноиди и фенолни соединенија, како и одредени минерали кои се одговорни за зачувување на коскената маса и придонесуваат за целокупното здравје на скелетниот систем.

Сливите го поттикнуваат губењето на тежината
100 грама сливи содржат само 45 калории. Затоа консумирањето на ова овошје се препорачува за луѓе кои се обидуваат да ослабат или да одржат здрава телесна тежина.