Не лимон, не кафе, не сок! Нутриционист објаснува зошто денот се почнува со вода и зошто рафинираниот шеќер е најштетната храна

Фото: Unsplash
105

Според еден од најпознатите регионални нутриционисти, најдобро е денот да се почне со обична чаша вода. „Водата го хидрира и го подготвува желудникот, додека кафето дехидрира, а лимонот предизвикува предвремено лачење на дигестивни сокови“, вели д-р Момчило Матиќ.

Еден од најпознатите регионални нутриционисти, д-р Момчило Матиќ, во подкастот на „Емпаер Стејт Балкан“ (Empire State Balkan) остро предупреди за навиките што многумина ги сметаат за безопасни.

– Рафинираниот шеќер е најштетната храна во историјата на човечката цивилизација – вели тој, нагласувајќи дека последиците од консумирањето одат многу подалеку од таложењето на вишок килограми.

Матиќ нè потсетува дека првото нешто што го внесуваме во нашето тело „го поставува тонот“ за целиот ден и влијае на енергијата, расположението и концентрацијата. А најчестите грешки, тврди тој, се скриени во современите навики.

– Ако мислите дека појадок се кафе и кроасан или, уште полошо, житарки со млеко и многу шеќер, грешите и му нанесувате штета на вашето тело – истакнал докторот.

Првиот чекор, вели тој, е наједноставен: чаша чиста вода на празен стомак.

– Не лимон, не кафе, не сок, само вода – објаснува тој, додавајќи дека водата го хидрира и го подготвува желудникот, додека кафето дехидрира, а лимонот предизвикува предвремено лачење на дигестивни сокови. Потоа, тој препорачува чај и неколку видови свежо овошје, доволно за да го снабдат телото со витамини и минерали без наводно „индустриски здрави опции“ кои, како што вели, обично кријат големи количини додаден шеќер.

– Рафинираниот шеќер не е само празни калории. Тој буквално краде минерали од телото и ја намалува нивната апсорпција. Значи, не само што не ви дава ништо, туку ви го одзема и она што веќе го имате – предупредува Матиќ и го нарекува „најштетната храна во историјата“.

Според него, појадокот треба да биде едноставен и лесен, а не ритуал на прејадување.

– Без „пет оброци на ден“, без кроасани за утеха. Помалку е повеќе, а шеќерот е луксуз за кој вашето тело скапо плаќа – заклучува тој.