Д-р Мајкл Бреус објасни како варењето банана во вода околу 5 минути и пиењето на водата полна со хранливи материи пред спиење, може да ви помогне подобро да спиете
Експерт за спиење откри како варењето банана во тенџере со топла вода може да ви помогне да спиете подобро.
Колку и да звучи чудно, д-р Мајкл Бреус – познат како Sleep Doctor online – објасни зошто неговата домашна „топла вода од банана“ содржи хранливи материи што е добро да се земаат околу 30-40 минути пред спиење.
Појавувајќи се во подкастот „The Diary Of A CEO“, клиничкиот психолог вели дека суплементацијата со магнезиум „е една од најдобрите“ што можете да ги земете за здрав сон.
– Нашето тело всушност не го произведува – вели д-р Бреус.
Тој објасни како варењето банана 30 минути пред спиење може да ви помогне да заспиете.
Експертот објасни дека „бананите се полни со магнезиум, но дека тој не е во плодот, туку во самата кора“.
Затоа, развил рецепт што го нарекува „топла вода од банана“, кој вклучува сечење на бананата на половина и варење во вода околу пет минути.
Она што го правите е да го исечете стеблото и да ја преполовите бананата, а потоа да ја ставите во врела вода.
– Можете да видите дека бананата поцрнела, нели? Потопена е во врелата вода. Значи, тоа не е вистински чај. Тоа е само топла вода од банана – вели тој објаснува дека од кората на бананата добивате и фитостероиди кои всушност ви помагаат подобро да го апсорбирате магнезиумот отколку ако го земате само како додаток во исхраната.
Д-р Бреус вели дека ефектите ќе почнат да се појавуваат околу 25/35 минути пред спиење.
Сепак, предупредува да не пиете премногу за да не ризикувате да се разбудите за мокрење среде ноќ.