Дали и вие сте слушнале дека за време на постот не се внесуваат доволно протеини, дека се консумираат премногу шеќери или дека секоја посна храна автоматски е и здрава?
Дипломираниот нутриционист Владимир Тодоровски од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги открива трите најчести митови поврзани со постот и советува како со внимателен избор на dmBio производи по секогаш поволни цени во dm, постот може да биде разновиден, вкусен и избалансиран.
Недоволен внес на протеини
Еден од најраспространетите митови е дека со исклучување на месото, јајцата и млечните производи од исхраната, организмот останува без доволно протеини. Но, според Владимир Тодоровски, и во период на пост може да се внесе доволна количина протеини, доколку се направи правилен избор на намирници. Бидејќи за него е важно храната да биде органска, тој ги избира dmBio производите како практично решение за секојдневната исхрана.
Како свои идеални производи за внес на растителни протеини, Владимир ги издвојува dmBio црвената леќа, dmBio наутот и dmBio тофуто. dmBio црвената леќа е одлична за подготовка на супи, варива, кари, пире и салати, а нејзиниот благ, јаткаст вкус ја прави лесна за комбинирање во различни рецепти.
dmBio наутот е вистински сојузник во посната кујна – одличен за салати, јадења со зеленчук, кремасти каши и како основа за подготовка на хумус. За оние што сакаат уште повеќе разновидност, dmBio тофуто е идеална база за бројни кулинарски комбинации, бидејќи лесно ги впива аромите на зачините и може да се подготвува на различни начини.
Премногу шеќери
Уште една честа заблуда е дека за време на постот најлесно е да се посегне по печива, кроасани, грицки и други производи кои даваат краткотрајно чувство на ситост, но често содржат многу шеќери и празни калории. Наместо тоа, Владимир препорачува избор на похранливи намирници како што се dmBio наут, dmBio хумус, dmBio леќа и dmBio палента.
Токму овие производи можат да помогнат да се одржи ситоста подолго, благодарение на содржината на протеини и растителни влакна. dmBio палентата е едноставна за подготовка и претставува практичен избор за различни оброци во текот на денот, без разлика дали станува збор за солени или слатки рецепти. dmBio хумусот, пак, е вкусен ориентален намаз на база на наут и сусам, кој е идеален како намаз, но и како додаток со свеж зеленчук или крекери. На овој начин, и ужината може да биде вкусна, избалансирана и соодветна за периодот на пост.
Посно не значи секогаш и здраво
Според Владимир Тодоровски, една од најчестите заблуди е и мислењето дека сè што е посно автоматски е и здраво. Во реалноста, готовите посни јадења често можат да содржат нездрави масти, многу шеќери и голем број калории, па затоа изборот на производи е особено важен.
Затоа, тој советува да се пости паметно и да се избираат намирници што се квалитетни, хранливи и соодветни за секојдневно консумирање. Во dm, купувачите можат да пронајдат разновиден избор на dmBio производи по секогаш поволни цени, со кои постот може да стане не само полесен за организирање, туку и повкусен, поразновиден и подобро избалансиран.