Стручњаците предупредуваат: Лековите не се чудо, а ризиците можат да бидат сериозни. Во прилог на ова говори и вознемирувачки случај од САД. Имено, 63-годишниот Тод Енгел, поранешен возач на камион, останал трајно слеп по користењето на Оземпик.
Ново истражување носи дополнителни предупредувања за лицата кои користат лекови за слабеење како Оземпик. Во студијата учествувале 193 возрасни лица на возраст од 18 до 65 години, кои во текот на една година користеле Оземпик и слични терапии – со и без редовна физичка активност поврзана со процесот на слабеење.
Најдобри резултати постигнале оние кои ја комбинирале терапијата со редовно вежбање. Учесниците кои биле физички активни имале значително подобри резултати од оние кои не вежбале. Програмата вклучувала два групни тренинга неделно (30 минути велосипед и 15 минути кружен тренинг), како и уште два самостојни тренинга (трчање, велосипед или кружни тренинзи).
Оние кои користеле лекови без физичка активност имале значително послаби резултати, што дополнително ја нагласува важноста на здравиот начин на живот.
Во меѓувреме, се појави вознемирувачки случај од САД: 63-годишниот Тод Енгел, поранешен возач на камион, останал трајно слеп по користење на Оземпик. Кај него се развила ретка состојба позната како неартеритична антериорна исхемиска оптичка невропатија – оштетување на очниот нерв предизвикано од нарушен проток на крв, кое ги зафатило двете очи. Лекот го користел од 2023 година поради дијабетес тип 2. За неколку месеци го изгубил видот на десното око, а до октомври 2024 година и другото око било неповратно оштетено.
„Да знаев никогаш немаше да го земам овој лек…“
Во емотивно сведоштво за медиумите, тој изјавил:
„Најтешко ми е што повеќе не можам да го видам лицето на сопругата ниту на моите внуци. Да знаев дека постои ризик од трајно слепило, никогаш немаше да го земам овој лек.“
Неговиот адвокат веќе покренал тужба против производителот, нагласувајќи дека: „Неповратното губење на видот не е само несакан ефект – тоа е повреда што го менува животот.“
Неговата сопруга Шели Енгел додава: „Срцето ми се кине кога нашите внуци мора да го водат за рака. Не може да вози, не може да работи, не може да си игра со нив. Нашиот живот целосно се промени.“
Иако лековите како Оземпик можат да помогнат при слабеење и контрола на болести, експертите предупредуваат дека тие не се магично решение и дека не смеат да се игнорираат можните несакани ефекти.
Без здрав начин на живот и редовно вежбање, резултатите се ограничени – а во одредени случаи, последиците можат да бидат сериозни.