Ако сте личност која редовно го завршува оброкот за помалку од 20-30 минути, веројатно јадете премногу брзо. Во тој случај, веројатно голтате повеќе воздух, што може да доведе до надуеност или пречки во варењето.
Експертите често ја нагласуваат важноста на здравата исхрана, но брзината со која јадете е подеднакво важна.
Пребрзото јадење носи ризици – од предизвикување гушење (ако парче храна ви се заглави во хранопроводникот) до прејадување, бидејќи вашиот мозок нема време да сигнализира дека сте сити.
Брзото јадење може да ги изнервира и другите на масата кои јадат побавно или личноста која одвоила време за да го подготви вашиот оброк.
Еве неколку совети од научниците за тоа како да јадете побавно и посвесно да ја консумирате храната.
Колку брзо е пребрзо?
Ако сте личност која редовно го завршува оброкот за помалку од 20-30 минути, веројатно јадете премногу брзо.
„Потребни се околу 20 минути за желудникот да испрати низа хормонски сигнали до мозокот дека е полн“, вели Лесли Хајнберг од Центарот за бихејвиорално здравје на Cleveland Clinic.
„Кога луѓето брзо јадат, може да ги пропуштат овие сигнали и многу е лесно да изедат повеќе од што е потребно“.
Зошто е тоа проблем?
Луѓето кои брзо јадат веројатно ќе голтаат повеќе воздух, што може да доведе до надуеност или пречки во варењето, вели Хајнберг. Неправилното џвакање на храната исто така може да го наруши варењето, што значи дека нема да ги добивате сите хранливи материи од храната. Исто така, неизџваканите парчиња храна може да се заглават во хранопроводникот.
Некои претходни истражувања покажаа дека луѓето кои јадат брзо имаат најголем ризик од дебелеење, додека оние кои јадат најбавно имаат најмалку шанси да бидат дебели.
Како да забавите кога јадете?
За почеток, исклучете го телевизорот и оставете го телефонот.
„Луѓето кои јадат со вклучен телевизор обично јадат додека не дојде паузата за реклами или додека не заврши тоа што го гледаат“, вели Хајнберг.
Таа додава дека додека гледаат телевизија, луѓето посветуваат помалку внимание на сигналите на сопственото тело дека се сити. „Кога правиме други работи додека јадеме, јадеме помалку внимателно. И тоа често нè наведува да јадеме повеќе“.
Кога луѓето се фокусираат исклучиво на јадење, тие имаат тенденција да уживаат во оброкот повеќе и да јадат помалку.
Хајнберг, исто така, признава дека темпото со кое јадете е често вкоренета навика, но дека промената е сè уште можна. Таа предлага работи како на пример, да ја користите вашата недоминантна рака за да јадете, да пробате прибор за јадење што вообичаено не го користите – како стапчиња за јадење или намерно да направите пауза за да пиете вода кога вашата чинија е делумно празна, пишува АП.
Ако имате напорен распоред и не можете да јадете бавно, туку често ручате на работните состаноци или грицкате додека ги извршувате задачите, советува Сара Бери, главен научник во британската прехранбена компанија ZOE и советува да внимавате на вкусот и текстурата на храната секогаш кога е можно.
„Ако не сме целосно свесни што јадеме, многу е лесно да јадеме побрзо и да не забележиме колку сме јаделе“, вели Бери.
Џвакајте полека, исто како што ве учела мајка ви.
Едноставен начин да го забавите вашето јадење е да го зголемите бројот на залаци, објаснува Хелен Мекарти, клинички психолог од Британското психолошко друштво. „Ако го џвакате секој залак малку подолго, тоа ќе ви го забави јадењето“, вели таа.
Важен е и видот на храната што ја јадете – ќе јадете ултра-обработена или брза храна полесно и побрзо бидејќи обично има помека текстура. „Тешко е да се јадат зеленчук и протеини со иста брзина како да се јаде нешто што е високо обработено и бара помалку џвакање“, додава Мекарти.
Некои од нејзините пациенти забележале неочекувани промени кога почнале да јадат побавно. Така, една жена која јадела цела кесичка чипс секој ден за вечера, откако МекКарти ја советувала да забави и да го јаде секое парче чипс посебно, рекла: „Тоа беше како да јадам куп лепливи хемикалии“. Повеќе не уживала во чипсот, заклучува Мекарти.