Ако ве мачи кашлица, пробајте ги наједноставните народни лекови

Фото: Pixabay
147

Доколку кашлицата ви го отежнува функционирањето во текот на денот или ве мачи додека сте на работа, прво пробајте некои од народните лекови против кашлица.

Кашлицата е здрав одговор на она што нè иритира во грлото или респираторниот тракт, а старите, испробани народни лекови можат да помогнат во ублажување на болката во грлото.
Без разлика на причината, кашлицата може да биде доста иритирачка, како за вас, така и за личноста со која го делите креветот или канцеларијата.

Постојат голем број работи што можеме да ги направиме за да се чувствуваме подобро и да дишеме полесно, барем привремено, дури и ако не сме дома, туку кашлицата не затекнала додека сме на пат.

Доколку кашлицата ви го отежнува функционирањето во текот на денот или ве мачи додека сте на работа, прво пробајте некои од народните лекови против кашлица.

Топлите напитоци се ефикасен народен лек против кашлица

Топлиот чај или водата со лимон може да го смири сувото и болно грло од кашлица.

Топлите течности помагаат и за разредување на слузта, што го олеснува кашлањето.

Ако додадете неколку капки мед, имате природен супресив за кашлица.

Секогаш е добро да пиете доволно течности, уште повеќе кога сте настинати.

Ако сте постојано добро хидрирани, слузта полесно и побрзо ќе се разредува, а кашлицата ќе биде попродуктивна.

Водата е идеална, но смирувачката пилешка супа е исто толку добра.

Гаргарањето со солена вода е стар народен лек против кашлица

За да заспиете со чисто грло, исплакнете го со топла солена вода.

Тоа може да ја намали кашлицата со смирување на иритацијата на грлото, растворање на густата слуз и отстранување на надразнувачите од грлото.

Измешајте ½ лажичка сол во 250 мл топла вода, гаргарајте колку што можете подолго, а потоа исплукајте го растворот.

Медот е народен лек за кашлица, како и за многу други проблеми

Додавањето мед во шолја чај е докажан начин за смирување на воспаленото грло и смирување на кашлицата. Дури и научните истражувања го поддржуваат ова тврдење – студија објавена во април 2021 година во списанието BMJ Evidence-Based Medicine покажа дека медот е подобар од лековите без рецепт за намалување на зачестеноста и сериозноста на кашлицата поради инфекции на горниот респираторен тракт.

Затоа земете една или две лажички мед пред спиење, или чист или измешан со чаша чај или топла вода.

Олеснување на кашлицата во текот на денот и ноќта

Пастилите за кашлица се добри за смирување на сувото и иритирано грло и за намалување на постојаниот нагон за кашлање, особено во текот на денот. Ако ги немате, не грижете се – секоја тврда бонбона ќе го стимулира производството на плунка и ќе ја обезбеди потребната влажност за ублажување на сувата кашлица.

Сите знаеме дека спиењето е најдобриот лек, особено кога станува збор за настинки.

Ако кашлицата ве мачи цела ноќ и не ви дозволува да спиете, пробајте лекови кои ќе ви помогнат да заспиете.

Ова не е идеално решение во текот на денот, но може да биде корисно навечер доколку имате сува кашлица која ве држи будни.

Ако не можете да се ослободите од кашлицата по неколку недели или се слуша отежнато дишење кога дишете, ако имате температура, отежнато дишење или постојана болка или притисок во градите, тогаш посетете го вашиот лекар.