Анемијата најдобро се лекува со куркума: 7 рецепти кои го зголемуваат хемоглобинот!

Фото: Pexels
3.853

При анемија, мора да се надополни железото во крвта преку храна и лекови. Најмногу може да помогне куркумата која содржи високо ниво на железо кое добро се апсорбира од организмот.

Кога некое лице е анемично, тоа значи дека неговото тело копнее за кислород. Железото е елемент кој игра огромна улога во процесите на дишење на телото. Хемоглобинот е дел од црвените крвни зрнца, крвни клетки кои доставуваат кислород до сите ткива и органи.

Вообичаени симптоми кои укажуваат на анемија се зголемен замор, слабост, поспаност и раздразливост. Пациентот се жали на вртоглавица, забрзан пулс, отежнато дишење. Анемијата се карактеризира и со бледа кожа на лицето.

При анемија, мора да се надополни железото во крвта преку храна и лекови. Најмногу може да помогне куркумата која содржи високо ниво на железо кое добро се апсорбира од организмот.

Најдовме дури 7 рецепти за лекување на анемија со куркума:

РЕЦЕПТ бр. 1

Четвртина супена лажица куркума,
Половина супена лажица мед.
Измешајте и користете ја оваа мешавина 2 до 3 пати на ден пред јадење.

РЕЦЕПТ бр. 2

2 лажици куркума
3 супени лажици семки од копар
3 супени лажици листови од боровинки
3 супени лажици пченична трева
3 супени лажици цветови од црвена детелина
2 супени лажици листови од коприва.
Сите овие билки исечкајте ги и додадете им куркума. Прелијте со чаша врела вода и оставете ја да отстои околу 20 минути покриена. Процедете и земајте околу половина чаша од напитокот четири пати на ден.

РЕЦЕПТ бр. 3

Петтина од лажица куркума
Половина шолјичка сок од морков
Половина шолјичка сок од цвекло
Половина шолјичка сок од ротквица
Измешајте ги соковите и куркумата и истурете ги во темна стаклена тегла. Земајте 1 лажица пред секој оброк.

РЕЦЕПТ бр. 4

Петтина од лажица куркума
200 мл сок од јаболко
50 мл сок од цвекло
Измешајте ги соковите и куркумата и земајте по 1 чаша два пати на ден.

РЕЦЕПТ бр. 5

Половина лажица куркума
Половина лажица тилчец (пискавица)
1 лажица мед
1 шолјичка млеко
Измешајте тилчец и куркума, истурете млеко и ставете на тивок оган. Кога ќе зоврие, варете уште 10 минути. Оставете го да отстои покриено 20 минути. Додадете мед кога ќе се излади. Пијте по 1 чаша два пати на ден, наутро и навечер.

РЕЦЕПТ бр. 6

1 лажица куркума
4 лажици шипинки
Ставете ги шипките во 1 литар вода и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, нека се вари уште 10 минути. Истурете го чајот од шипка во шише со термос, додадете куркума и оставете да отстои 10 часа. Процедете и пијте по 1 чаша четири пати на ден.

РЕЦЕПТ бр. 7

4 капки есенцијално масло од куркума
3 капки есенцијално масло од лимон
Измешајте ги овие капки и вдишувајте ги 20 до 30 минути еднаш или два пати на ден. Ова ќе помогне да се смират нервите на луѓето склони кон анемија и депресија.