Аперитив за варење со само две состојки!

Фото: Pexels
111

Содржи интензитет, сладост и свежина и помага кога имате потешкотии поради внесувањето на премногу празнична храна, но добро е да се пие и превентивно, половина час пред јадење дури и кога не се празници


Овој аперитив е одличен во овие денови кога сите внесуваат малку повеќе храна, но добро е да се практикува и инаку, бидејќи го поттикнува варењето, носи свежина, а одличен е и за слабеење.

Како и да е, откако ја отпочнавте Новата година со оптоварен дигестивен систем, не е лошо да ги испробате придобивките од овој едноставен аперитив кој има само две, но моќни состојки – мед и ѓумбир.

Една чаша аперитив со ѓумбир содржи интензитет, сладост и свежина. Бидејќи ѓумбирот нè загрева одвнатре со својата жестокост, тој ќе ги воодушеви и оние кои сакаат алкохол.

Со оглед на неговите многубројни лековити придобивки, овој фин аперитив нема да остави никого рамнодушен затоа што, освен неговиот вкус, има и единствена особина длабински да го хармонизира целото тело.

Тој добро ќе го подготви нашето непце и дигестивниот систем за храната со која претеруваме за време на празниците.
Според Ајурведата, доброто варење е камен-темелник на здравјето и благосостојбата.

Кога нашиот дигестивен систем добро работи, ги апсорбираме сите потребни хранливи материи од храната што ја јадеме, уживаме во здравата циркулација и имаме силен имунитет кој не штити од болести.

Лековит аперитив со ѓумбир

Пред да започнеме со рецептот, да се запознаеме со придобивките од овој фин аперитив, кој освен за време на празниците, се препорачува да се пие секој ден пред ручек.

Лековитите својства на аперитивот од ѓумбир се манифестираат во следните придобивки за телото:

го зајакнува желудникот и органите на дигестивниот систем
го стимулира апетитот и дигестивните сокови
ги раствора мастите во телото
го зајакнува и храни имунолошкиот систем
го забавува стареењето
го подобрува квалитетот на косата и ја разубавува кожата
поттикнува елиминација на отпадни материи и токсини од телото
ги штити телесните клетки од оштетување
го намалува ризикот од срцев и мозочен удар
го поттикнувра здравјето на срцето и циркулаторниот систем
тој е природен аналгетик кој помага при мигрена, главоболки и менструални грчеви
ги ублажува воспалителните процеси во телото
го прочистува респираторниот систем, кој често е загушен во текот на зимата.

Аперитив со ѓумбир – ајурведски рецепт
За да го направите овој лековит аперитив, потребни ви се само две состојки.

Состојки за две лица:
4 парчиња корен од ѓумбир (големина и должина на палецот)
органски мед.
Подготовка
Подготовката на аперитивот е многу едноставна и брза.

Излупете го коренот од ѓумбир и исцедете го во соковник.
Измешајте свеж сок од ѓумбир во еднакви размери со мед, на пример, на една чашка сок од ѓумбир додадете една чашка природен мед.
Измешајте сè добро, додека медот целосно не се раствори во сокот.
Послужете го аперитивот во вашите омилени чашки, половина час пред оброкот.