Ароматичен празничен леб

Фото: Pexels
172

Иако велат дека нема ништо поубаво од мирис на тазе печен леб, поточно е кога ќе се каже дека нема ништо поубаво од мирисот на празничниот леб со моркови, брусници и цимет

Состојки:

300 г брашно
1 прашок за пециво
1 ипол шолја рендани моркови
200 г кафеав шеќер
65 г суви брусници
1 лажичка цимет, малку мелено каранфилче и морско оревче
2 јајца
125 мл млеко
125 мл масло
2 лажици семки од тиква

По желба, јатки од ореви

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°C. Калапот за печење обложете го со хартија за печење.
Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, морковите, шеќерот, брусниците и зачините.
Додадете ги двете изматени јајца, млекото и маслото и сѐ добро измешајте. Ставете ја смесата во калапот за печење, поросете со семките од тиква и ако сакате со неколку јатки од ореви и печете околу 1 час.