Палачинките ги сакаат и децата и возрасните, лесно се подготвуваат, а оваа варијанта која ја нарековме „бананачинки“ е со здрави состојки како банани и овесно брашно.
Појадок кој ќе го сака целото семејство, но внимавајте на потенцијалните алергени.
Овој рецепт ќе му се допадне на целото семејство, а таканаречените „бананачинки“ се одлична вкусна и поздрава варијанта која можете да им ја нудите дури и секојдневно и на вашите деца.
Состојки:
2-3 мали, зрели банани
3 јајца
150 гр брашно од бадем или овес
1 лажица чиа семе – по желба
Начин на подготовка:
Изгмечете ги бананите со вилушка. Измешајте ги јајцата и бананите, можете да користите и миксер.
Додадете брашно по желба и продолжете со мешањето додека не добиете изедначена смеса. Додадете чиа семе по желба и повеќе брашно ако смесата е премногу ретка.
Печете ги палачинките во тавче на средна топлина, на кокосово масло или путер. После секоја палачинка мачкајте ја тавата со путер или со кокосово масло.
Секоја палачинка е околу 2 лажици смеса. Распоредете ги на тавата со лажица, па превртете ги кога ќе престанат да се лепат. Направете ги палачинките помали, бидејќи ако ги размачкате на тавата и ги направите големи и тенки, ќе почнат да се одвојуваат.