Бананата како лек за кашлица: Еве со кои намирници да ја комбинирате за подобар ефект

Фото: Freepik
2.078

Бананата содржи клучни материи кои ја чистат слузницата на белите дробови. Во Ајурведата, традиционалната индиска медицина, бананата се користи уште од дамнина како лек за кашлица и природен лек за болки во грлото.

Поради високата содржина на влакна кои ја стимулираат и чистат слузокожата на белите дробови, бананите делуваат како природен потиснувач на кашлицата. Затоа ова слатко тропско овошје е идеален избор како поздрава алтернатива на лековите без рецепт.
Кашлицата е природен одбранбен механизам на телото кој помага да се исчисти респираторниот систем од слуз, надразнувачи и инфекции. Се појавува како чест симптом на инфекции на респираторниот тракт, како што се настинки, грип, бронхитис и пневмонија.

Акутната кашлица трае помалку од три недели, додека хроничната кашлица трае повеќе од осум недели. Сепак, постојаната кашлица која предизвикува отежнато дишење може да биде непријатна и да ги наруши секојдневните активности, но и да укажува на можен посериозен здравствен проблем.
Видовите на кашлица обично се делат на сува и влажна кашлица. Сувата кашлица не произведува слуз и често е предизвикана од обична настинка, грип и надразнувачи. Влажната или продуктивна кашлица го поттикнува исфрлањето на слузта од респираторниот систем и е предизвикана од акутни или хронични инфекции, како што се бронхитис, пневмонија или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Лекувањето на кашлица е важно бидејќи ни помага да ја намалиме непријатноста, да ги спречиме можните компликации и да го подобриме квалитетот на нашиот секојдневен живот. Одредени намирници се сметаат за корисни за лекување кашлица бидејќи содржат есенцијални хранливи материи кои можат да го зајакнат имунитетот и да го смират грлото, а една таква намирница се бананите.
Користете го овој древен, но сè уште популарен лек за кашлица од банана – поради неговите одлични хранливи и повеќекратни лековити својства.

Лековитата моќ на бананите
Бананите се хранливо овошје кое ефикасно ни помага да ги намалиме симптомите на кашлица и го поддржува здравјето на респираторниот систем. Тие содржат природни соединенија како танин и катехински антиоксиданти, кои имаат антиинфламаторни својства и кои ги намалуваат инфекциите во респираторниот систем.

Тие се преполни со хранливи материи како витамин Ц, витамин Б6, калиум и диетални влакна кои помагаат да се зајакне имунолошкиот систем и да се ублажат симптомите на кашлица.

Лек за кашлица од банана
Кога ова омилено овошје се користи за медицински цели, бананата и медот против кашлица се комбинираат заедно, а често се додаваат и зачини како цимет и црн пипер.
Сировиот мед е разновиден по своите лековити својства, особено за респираторни заболувања и е високо ценет лек за лекување на болки во грлото и кашлица кај децата и возрасните. Има антибактериски, антивирусни, антигабични и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали интензитетот и времетраењето на кашлицата.

Една кафена лажичка мед пред спиење ја потиснува кашлицата кај малите деца. Медот го премачкува грлото и ја смирува иритираната мукозна мембрана, ја смирува кашлицата и ги ублажува симптомите поврзани со неа. За возрасни, медот може да се додаде во чаша топол билен чај или топла вода со сок од лимон.

Цимет и мед – стар персиски лек
Дали знаевте дека циметот и медот се вековен лек против настинка и грип? Со генерации, циметот и медот се мешаат заедно за да се направи домашен лек за настинки, грип, болки во грлото, алергии и други помали заболувања.

Циметот има антиинфламаторни, антивирусни и антибактериски својства кои помагаат во борбата против настинките. Основниот рецепт што се користи во традиционалната персиска медицина, кој се користи и во ајурведската медицина, е многу едноставен.

Потребно е само мешање на цимет со мед во сооднос 1:4. За да имате готов лек, измешајте две лажици цимет со осум лажици мед, кои можете да ги чувате во тегла и да ги земате по потреба. Се препорачува да се зема по една кафена лажичка три пати на ден, 3-4 дена.

Комбинацијата на мед, банана и цимет против кашлица природно ги чисти блокираните дишни патишта. Подолу ви откриваме едноставни начини на кои можете да направите домашен лек за кашлица од банана.

Сируп за кашлица од банана
Благодарение на моќните својства вклучени во рецептот, овој сируп против кашлица од банана може да го користат и децата и возрасните за да уживаат во неговиот вкус.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. С

Сируп за кашлица од банана
Благодарение на моќните својства вклучени во рецептот, овој сируп против кашлица од банана може да го користат и децата и возрасните за да уживаат во неговиот вкус.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. С

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. Се што ви треба за овој фин лек се две зрели банани, две лажици мед и врела вода.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. Се што ви треба за овој фин лек се две зрели банани, две лажици мед и врела вода.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. Сè што ви треба за овој фин лек се две зрели банани, две лажици мед и врела вода.

Овој заборавен природен лек содржи некои од најстарите и најмоќните состојки кои го смируваат грлото, бронхиите и белите дробови и многу брзо ја смирува и ja лечи кашлицата.

Состојки:
400 мл врела вода
2 средно зрели банани (кора со точки)
2 супени лажици домашен мед (од липа, хељда, жалфија, багрем, костен, лаванда)

Приготвување:
Излупете ги бананите и изгмечете ги со дрвена вилушка или лажица.
Пирето измешајте го со зовриена вода и оставете го да отстои 30 минути.
Процедете ја смесата откако ќе се излади, доколку сакате сирупот да биде бистар.
Додадете мед на крајот за да не ги уништите корисните својства на медот и мешајте додека не се растопи. Ако сакате погуст сируп, додадете повеќе мед.
Пијте 100 мл од сирупот неколку пати на ден. Ќе почувствувате олеснување во рок од пет дена.

Ајурведски лек за сува кашлица
Сирупот за кашлица од банана и мед е еден од омилените ајурведски домашни лекови за упорна сува кашлица. Лесен е за правење, безбеден за мали деца и многу вкусен.

Црниот пипер со векови се користи во традиционалната медицина за лекување на разни болести како настинка, кашлица и болки во грлото. Овој зачин содржи одредени соединенија кои делуваат како природен антибиотик. Црниот пипер и медот имаат антимикробни и антиинфламаторни својства, поради што помагаат во ублажување на симптомите на кашлица и го смируваат иритираното грло.

За да го направите овој лек, измешајте една лажичка црн пипер во прав со две лажици мед. Оваа едноставна мешавина од само две состојки можете да ја консумирате 3-4 пати на ден за да ја намалите кашлицата.

Се разбира, во традиционалниот ајурведски рецепт бананата е главната ѕвезда, особено кога лекот се подготвува за најмалите.

Состојки:
1 зрела банана
1 лажичка органски мед
2 прстофати црн пипер.

Приготвување:
Изгмечете ја бананата, додадете мед и пипер и сè убаво измешајте.
Јадете од оваа смеса 2-3 пати на ден. Одличен е и хранлив и за деца и за возрасни. Заедно со овој лек, Ајурведата советува често пиење зовриена топла вода, која помага да се одржи влажноста на ткивото на устата и грлото.

Чај од банана против кашлица

Доколку одлучите да пробате чај од банана против кашлица, овој овошен напиток можете дополнително да го збогатите со природни антиоксиданти со користење на билни чаеви по ваш избор, наместо вода.

Приготвување:
Излупете една банана и испасирајте ја во пире или исечете ја на тркалца.
Измешајте го пирето со зовриена вода или прелијте ги тркалцата од банана со топол чај кој може да биде од нане, камилица, жалфија,цимет, куркума или ѓумбир.
Покријте и оставете го да отстои 30 минути.
Процедете го чајот и секогаш послужете го топол.
По желба додадете сок од лимон и малку мед.
Пијте 2-3 шолји чај од банана додека симптомите не исчезнат.