Бело, црно или црвено? Кое грозје е најздраво?

Фото: Freepik
3.956

Дали знаете кој вид на грозје е најдобар за вас и кој нуди најмногу здравствени придобивки: белото, црното или црвеното грозје?

Почна сезоната на грозје, едно од најпопуларните овошја ширум светот. Веројатно понекогаш сте во дилема за тоа кое грозје е подобро да го купите со оглед на тоа што доаѓа во многу различни сорти, секоја со свој уникатен вкус и нутритивни придобивки. Иако секој вид на грозје нуди здравствени придобивки, постојат мали разлики што ги прават некои сорти покорисни од другите.

Бело грозје

Ова грозје има слатко-кисел вкус и се користи во различни рецепти, вклучувајќи салати, смути и печива. Според истражувањата, една чаша бело грозје содржи приближно 104 калории, 1,4 грама протеини, 0,2 грама масти и 27,3 грама јаглени хидрати. Нутриционистите вели дека белото грозје е добар извор и на витамин Ц, витамин К и калиум. Витаминот Ц е антиоксидант кој ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем и здравјето на кожата, додека витаминот К игра клучна улога во згрутчувањето на крвта и здравјето на коските. Калиумот е важен за регулирање на крвниот притисок и за поддршка на здравјето на срцето, пишува Healthshots.

Црно грозје

Црното грозје, познато и како виолетово грозје, е слатко и сочно грозје со длабока боја. Тоа често се користи во производството на црвено вино поради високата содржина на танини, што му го дава препознатливиот вкус на виното.

Една чаша црно грозје содржи приближно 104 калории, 1,1 грам протеини, 0,2 грама масти и 27,3 грама јаглени хидрати. Црното грозје е здраво бидејќи е добар извор на витамин Ц и витамин К, слично на белото грозје, но содржи и ресвератрол, моќен антиоксидант кој е поврзан со различни здравствени придобивки.

Црвено грозје

Црвеното грозје, познато и како темноцрвено или бордо грозје, има сладок и малку кисел вкус и најчесто се користи во овошни салати, џемови и желеа. Тоа се користи и за производство на црвено вино, слично на црното грозје. Една чаша црвено грозје содржи приближно 104 калории, 1,1 грам протеини, 0,2 грама масти и 27,3 грама јаглени хидрати. Црвеното грозје е добар извор на витамин Ц, витамин К и ресвератрол, слично како и црното грозје.

Кое грозје е најздраво?

Додека сите три сорти на грозје нудат слични нутритивни придобивки, црното и црвеното грозје содржат и ресвератрол, кој ги разликува од белото грозје.

Црното и црвеното грозје содржат три вида полифеноли наречени фенолна киселина, флавоноид и ресвератрол. Затоа, црното и црвеното грозје можат да понудат нешто повеќе здравствени придобивки од белото грозје.