Никотинот останува во крвотокот до три дена, но со овие намирници побрзо ќе го исфрлите

Фото: Pexels
394

Намалете ја желбата за пушење со користење на природни производи. Еве кои намирници и навики можат да ви помогнат во борбата со зависноста

Сите пушачи знаат колку е тешко да се откажат од цигарите. Една од главните причини зошто е тоа толку тешко е поради начинот на кој никотинот (материја која предизвикува силна зависност) се складира во телото. Кога се вдишува, влегува во крвотокот и останува таму до три дена по последната цигара. Постои ефикасен начин да го стимулирате сопствениот организам во борбата против оваа зависност. Станува збор за детоксикација на никотинот од организмот преку храната.

  1. Зелен чај

Овој напиток е една од најдобрите кога станува збор за детоксикација. Му помага на црниот дроб да ја филтрира крвта и да ги исфрли токсините од телото. Ако црниот дроб е здрав, тој може уште поефикасно и побрзо да го отстрани никотинот од крвотокот.

  1. Моркови

Овој зеленчук е богат со витамини А, Ц, Б и К кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Ова значи дека телото може да почне природно да се бори со токсините кои претходно го ослабувале нашиот систем.

  1. Агруми

Портокалите, лимоните и кивите се одлични додатоци при детоксикацијата која ќе ви помогне да ги исфрлите цигарите од вашиот живот. Цитрусите се полни со витамин Ц, како и со витамини А и Е, кои помагаат во зајакнувањето на имунитетот и одржувањето на хидратацијата. На здравите клетки им се потребни овие витамини за да се заштитат од последиците на тутунот.

  1. Зелен зеленчук

Зеленчуците како брокулата и спанаќот се генерално здрави, особено кога се откажувате од пушењето. Фолната киселина и витамините Б5 и Ц во оваа храна се клучни за детоксикација на црниот дроб, а исто така придонесуваат за зајакнување на имунитетот.

  1. Вода

Суштинска потреба и начин кој придонесува за откажување од пушење е хидратацијата. Еден од главните проблеми со токсините во тутунот е тоа што ги дехидрира клетките. Со пиење доволна количина течност, го враќате телото во рамнотежа и поттикнува побрза детоксикација.

Бонус – почнете да вежбате
Заедно со сите наведени намирници, воведувањето на вежбањето во вашата дневна рутина ќе биде од голема корист. Вежбањето не тера да се потиме, а со тоа и да ги исфрлиме токсините од телото. Освен физички, вежбањето има и бројни психолошки ефекти. Благодарение на ендорфините, кои ќе се активираат за време на вежбањето, ќе се чувствувате поенергични, што дополнително може да ве мотивира да кажете не кога ќе се појави следниот нагон за цигара.