Бидете внимателни: Црешите се здрави, ама семките се отровни

Фото: Pexels
122

Семките од цреши содржат цијаногени гликозиди. Нашето тело може да апсорбира мали количини на цијаногени соединенија, но ако претерате, може сериозно да го загрозите вашето здравје.

Ако сте љубители на ова овошје, добрата вест за вас е дека можете да уживате во него бидејќи и вишните и црешите се многу добри и за крвта и за детоксикација.
Сепак, треба да внимавате на една работа кога ги јадете.

Имено, не се препорачува голтање или грицкање на семките бидејќи тоа може да го загрози вашето здравје.

Семките од цреши содржат цијаногени гликозиди. Нашето тело може да апсорбира мали количини на цијаногени соединенија, но ако претерате, може сериозно да го загрозите вашето здравје.

Многу поопасно од голтањето камен е да го грицкате бидејќи ова соединение се ослободува директно и може да доведе до труење.

Симптомите се главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање. Може да има и проблеми со дишењето, зголемен крвен притисок и забрзан пулс.

Друга работа што е исклучително важна е дека треба да се земе предвид количината.

Сајтот „Medical Daily“ наведува дека идеална доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми, пишува Хајат.