Бизарен ритуал или златно правило? По кој редослед треба да се јаде храната?

Фото: Pexels
553

Дали некогаш сте гледале некој како јаде по одреден редослед – прво зеленчук, а потоа преминува на протеинскиот дел пред воопшто да го допре оризот – и сте помислиле дека тоа е некој бизарен ритуал?

Правилно комбинирање на храната, што подразбира доволен внес на зеленчук, протеини и здрави масти, понекогаш може да биде доволно стресно само по себе, особено кога ќе се најдете како почетник во светот на урамнотежената исхрана. Меѓутоа, нутриционистите и биохемичарите сега додаваат уште една важна карактеристика – редоследот на внесување на храната од чинијата.

Иако бевме убедени дека е најважно половина од чинијата да биде со зеленчук, една четвртина со протеини, а остатокот со јаглехидрати, сега ќе научиме и по кој редослед да ги внесуваме.

Експертите од оваа област тврдат дека ако внимаваме на тоа, можеме во голема мера да го намалиме непотребното грицкање после оброците, прекумерните десерти, па дури и да влијаеме на симптомите на полицистични јајници, пишува магазинот Health.

Важен фактор е тврдењето дека редоследот на храната влијае на нивото на шеќер во крвта, односно дека она што го јадете пред нешто друго може значително да го зголеми нивото на шеќер во крвта во споредба со препорачаниот редослед.

Француската биохемичарка и еден од најчитаните автори на списанието Њујорк Тајмс, Џеси Иншаспе, го наведува следниот план: „Прво зеленчук, потоа протеини и масти, а на крајот јаглехидрати и шеќери“, вели таа.

„Главната причина е што зеленчукот содржи влакна, а кога влакната први ќе стигнат до гастроинтестиналниот систем, имаат време да направат нешто неверојатно, нешто како трансформација“, објаснува таа и додава: „Влакната се развиваат по цревниот ѕид формирајќи заштитен слој. Оваа мрежа останува стабилна неколку часа и спречува пребрзо да се апсорбираат шеќерите кои ги внесуваме за време на оброкот“, истакнува биохемичарката.

Тоа го потврдила и наградуваната нутриционистка Ловнит Барта која под видеото на својот Инстаграм профил напиша:

Дали некогаш сте гледале некој како јаде по одреден редослед – прво зеленчук, а потоа преминува на протеинскиот дел пред воопшто да го допре оризот – и сте помислиле дека тоа е некој бизарен ритуал?

Можно е, но исто така е веројатно дека ја мерат потрошувачката на јаглени хидрати, што, според студијата, помага да се контролира шеќерот во крвта, а за возврат ви помага да ја одржите тежината. Затоа, редоследот според кој се консумира храната игра голема улога во одредувањето на нивото на гликоза и инсулин после оброк.

Почнувајќи го оброкот со зеленчук и протеини, а завршувајќи со јаглехидрати, нè прави посити. Тоа е затоа што протеинот го забавува ослободувањето на шеќерот од јаглехидратите во крвотокот, спречувајќи „покачување“ на шеќерот, а потоа паѓање – и напади на глад.

Така, со менување на пропорциите на храната во чинијата и редоследот по кој јадете, можете да направите голем чекор кон вашето здравје“, објаснува таа.