Зошто пастата од ѓумбир и лук е толку добра за здравјето?

Фото: Pexels
102

Постојат докази дека ѓумбирот и лукот во оваа комбинација се исклучително ефикасни за намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.

Пастата од ѓумбир и лук, комбинација на два од најмоќните природни производи, се користи во ајурведската медицина уште од многу одамна. Научно е докажано дека лукот и ѓумбирот се многу ефикасни во лекувањето на разни видови болки (забоболка, мигрена, главоболка, болки во грбот и сл.) и воспаленија.

За да се направи најделотворната паста, се советува да се измешаат 125 грама сечкан лук со исто толку ѓумбир и една лажица маслиново масло и сето тоа да се смеле во блендер додека не се добие мазна паста.

Резултатите од едно истражување покажуваат дека ѓумбирот е ефикасен како ибупрофен во лекувањето на предменструалната болка. Понатаму, резултатите од истражувањето во Центарот за главоболка во Спрингфилд (Мисури) покажале дека ѓумбирот е ефикасен за мигрена ако се зема во фазата пред мигрена кога се чувствуваат благи симптоми на претстојната главоболка.

Ублажување на тегоби поврзани со ракот

Според USA Today, студија спроведена на Универзитетот во Мичиген покажала дека ѓумбирот може да го намали воспалението предизвикано од рак на дебелото црево. Професорите од Харвард се на мислење дека овие наоди сугерираат дека ѓумбирот е ефикасен како превентивна мерка за сите луѓе со ризик од рак на дебелото црево.

Покрај тоа, ѓумбирот може да се користи за лекување на мачнини предизвикани од хемотерапија и третмани со зрачење. Според Њујорк Тајмс, Американското здружение на клинички онколози објавило дека пациентите кои земале ѓумбир ја намалуваат веројатноста да имаат мачнини и повраќање за приближно 45%. Во клиниката Мајо направиле студија, чии резултати покажале дека ѓумбирот, во комбинација со традиционалните лекови против мачнини, е поефикасен од некои современи иновативни лекови.

Ефикасно намалување на крвниот притисок и холестеролот

Постојат докази дека ѓумбирот и лукот во оваа комбинација се исклучително ефикасни за намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол. Резултатите од студијата спроведена од Одделот за биолошки и биомедицински науки на Медицинскиот универзитет Ага Кан заклучиле дека ѓумбирот го намалува крвниот притисок блокирајќи ги калциумовите канали кои го регулираат протокот на крв.

Спроведена е друга студија на Одделот за биологија на отсекот за наука на Универзитетот во Кувајт, која покажала дека ѓумбирот е ефикасен за намалување на нивото на гликоза и холестерол во крвниот серум на стаорци. Исто така, според Универзитетот во Чикаго, лукот е проучен како ефикасен метод за контрола на развојот на атеросклероза, бидејќи ефикасно го намалува крвниот притисок и го намалува нивото на холестерол во крвниот серум.

Силно антиинфламаторно и антибактериско дејство

Познато е својството на лукот како еден од најсилните природни антибиотици – во синергија со ѓумбирот се умножува неговото дејство и затоа оваа паста се препорачува да се консумира во зимските месеци и неколку пати на ден. По можност не пред важен состанок…