Богат е со витамин Б, лутеин и влакна: Oваа група намирници се смета за број еден за здравјето на мозокот
Состојбите како депресија и деменција често се поврзани со недостаток на витамин Б.
Мозокот е еден од најважните органи во нашето тело, а она што го јадеме може да има значително влијание врз неговото здравје и функција. Не е тајна дека исхраната може да ни помогне во ова. Изборот на добра храна може да го заштити мозокот од дегенеративни болести и да го подобри расположението. Некои видови храна, како семките од сончоглед и интегралните житарки, имаат поголеми придобивки за мозокот од другите.
Меѓутоа, за една група на намирници, експертите, вклучувајќи го нутриционистот и неврологот од Харвард, д-р Ума Најдо обезбедува значителна предност кога станува збор за здравјето на мозокот. Тоа е зелениот лиснат зеленчук.
Три причини за избор
Видови зелен лиснат зеленчук кои можете да ги додадете во вашето мени се: кељ, спанаќ, зелена салата, зелка, блитва, зелје… А ова се три причини зошто, според експертите, исхраната богата со зелен лиснат зеленчук е добра за вашиот мозок.
Богати се со витамин Б
Состојбите како депресија и деменција често се поврзани со недостаток на витамин Б, според студијата спроведена на Медицинскиот факултет на универзитетот Вејн Стејт (Wayne State).
Зелениот лиснат зеленчук е одличен извор на витамин Б. Витаминот познат како фолат е клучен за поддршка на мозочното и невролошкото здравје, оптималната функција на невротрансмитерите и урамнотежено психолошко здравје“, вели д-р Најдо. Зелените лиснати зеленчуци се првата и главна храна која докторката им ја препорачува на своите пациенти кои сакаат да си го подобрат расположението.
Богат е со хранливи материи кои го поттикнуваат мозокот
Зелениот лиснат зеленчук е преполн со хранливи материи кои го поттикнуваат мозокот, како што се фолати, лутеин и бета-каротин. Лутеинот е поврзан со подобрување на функцијата и структурата на мозокот кај постарите возрасни лица, а една систематска ревизија покажала дека земањето додатоци на бета-каротин може да ја подобри вербалната и когнитивната меморија.
Одличен извор на влакна
Зголемениот внес на диетални влакна е поврзан со помал ризик од развој на депресија, според истражувањето објавено во 2021 година во списанието Complementary Therapies in Medicine.
Д-р Најдо препорачува да го зголемите внесот на влакна преку вашата исхрана, особено со растителна исхрана. А зелениот лиснат зеленчук е преполн со влакна.