Брза пролетна торта без печење

1.078

За сите кои не сакаат да вклучуваат рерна и преферираат брзи торти, имаме уште еден одличен рецепт кој е најдобро да се подготви навечер, а да се јаде следниот ден

Ако го сакате вкусот на плазма, јагоди и освежителен бел крем од павлака, тогаш ова е одлична идеја за торта која нема да ви одземе премногу време, а секој ќе ви побара парче повеќе.

Состојки:

300 г мелени кекси (Плазма) + 470 г цели кекси (Плазма)

500 г путер (несолен)

700 г јагоди

400 г слатка павлака

400 г кисела павлака

150 г шеќер во прав

150 г чоколадо по ваш избор

млеко

1-2 лажици гриз

Приготвување:

Најпрвин плазма кексите се потопуваат во млеко и се редат во круг во подмачкан калап (26 цм). Потоа се растопуваат 400 грама путер, па кога ќе се стопи го мешате со мелените кекси и смесата ја ставате на дното од плехчето и убаво го втиснувате за да добиете мазна површина и го ставете во фрижидер.

Потоа ја матите слатката павлака заедно со шеќерот во прав и кога ќе добиете цврта смеса ја додавате киселата павлака, промешувате со лажица и додавате еден ред кршени плазма кекси и повторно промешувате. Јаготките ги сечете на поситни парчиња и ги мешате со гризот за да не пуштат вода. Во калапчето најпрвин ги редите јагодите, го додавате белиот крем и повторно ја враќате тортата во фрижидер.

За глазурата растопувате 100 грама путер со 150 грама чоколадо со лешници. По ваш избор може било кое чоколадо. Десертот е готов. Но сепак не го јадете веднаш туку дозволете да се стврдне преку ноќ, па следниот ден, навалете.