Брзо, лесно, здраво, а заситува: Салата од сардини и јајца

102

Кога ќе прочитате колку се здрави сардините и јајцата, не треба ниту да ве гризе совест ако наместо некој комплициран ручек, супа или вариво, им послужите на домашните за ручек една ваква салата со потпечено лепче.

Нутриционистите нагласуваат колку сардините се корисни за здравјето и дека би било добро да ги имате на трпеза барем два пати неделно.

Тие се преполни со важни хранливи материи, што ги прави врвен извор на храна, според Американското здружение за срце и кардиоваскуларни болести.
Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу моќни чувари на здравјето. Доколку се консумираат редовно, можат да придонесат за подобрување на целиот организам.

Јајцта се исто така полни со здрави масни киселини и микронутриенти, како витамин Б и селен, кој го зајакнува имунолошкиот систем.

Па сега, после сето ова, не треба ниту да ве гризе совест ако наместо некој комплициран ручек, супа или вариво, им послужите на домашните за ручек една ваква салата со потпечено лепче.

А за неа не ви требаат повеќе од 10 минути.

Состојки:

конзерва сардини (во зависност од тоа колку луѓе сте, можете да ставите и две конзерви)
варени јајца (истото важи и за јајцата, 2, 3 или повеќе, но сметајте по едно, најмногу две на човек)
мајонез 1 лажица
сенф 1 лажиче
млад или црвен кромид
сок од лимон пола лимон
сол по вкус
црн пипер по вкус

Приготвување:

Целата работа е во варењето на јајцата и отварањето на конзервите.

Потоа можете да ги згмечите со вилушка или, ако сакате покомпактна смеса (намаз), може и во блендер.

Додадете ги другите состојки и измешајте.

Можете да направите и една салата од домати и кромид, со маслиново масло и малку балсамико.

И викнете: РУЧЕКОТ Е ГОТОВ!!!