Чаеви ли се чаеви, убавини невидени

81

За да ги искористите здравствените придобивки од чаевите, треба да бидете доследни и да пиете чај секојдневно.

Во зависност од вашиот животен стил и целокупното здравје, без разлика дали се обидувате да изгубите тежина или се борите со разни заболувања, би требало да пиете повеќе шолји чај секојдневно.

Доколку верувате дека веќе водите здрав начин на живот, но сакате да си дадете поттик, ви препорачуваме да пиете 1-2 шолји зелен, црн, бел, мате чај или до 1 литар домашен билен чај секој ден.
Исто така, најдобро е денот да го започнете со билен чај и постојано да го пиете на секои неколку часа.

Вашето тело и организам ќе ви се заблагодарат не само за придобивките од чајот, туку полесно ќе пристапите до препорачаната дневна доза на внес на течности.

Ако не сте алергични или чувствителни на некои лековити билки, нема значајни несакани ефекти од нивната консумација.

Еве неколку од нашите омилени чаеви кои ги има во изобилство низ Македонија.

Мајчина душица

Има повеќе типови од оваа медитеранско билка, но најзастапениот е Thymus vulgaris.

Неговите цветови, листови и маслото и денес се употребуваат за третирање на најразлични симптоми.

Растението и неговите состојки имаат изразено антибактериско дејство, делуваат спазмолитички и ги ублажуваат и опуштаат грчевите.

Се користи за лекување на болести на горниот респираторен тракт, голема кашлица, астма и

бронхитис и за инхалација.

Се верува дека кај овие болести мајчината душица игра улога во смирување на кашлицата и олеснување на искашлувањето, како и спречување на понатамошно ширење на воспалението.

Препаратите од мајчина душица често се користат за лекување на дигестивни и цревни проблеми и

дијареа бидејќи нивното консумирање го инхибира растот и развојот на штетните бактерии и ги

ублажува грчевите.

Општо земено, познато е дека чајот од мајчина душица ги ублажува грчевите во стомакот и ја подобрува функцијата на цревата и желудникот.

Чајот од мајчина душица се препорачува и за нередовна менструација, а во форма на купка или

облог може да се користи за лекување на кожни болести.

Се верува дека мајчината душица помага и при депресија, а народната медицина дури го

препорачува ова растение во лекувањето на алкохолизмот.

Позната е и нејзината употреба во парфемската индустрија, козметичката индустрија и

ароматерапијата.

Кантарион

Кантарионот е познат уште од стари времиња. Ценет е во народната медицина и се користи надворешно против изгореници, исеченици, кожни воспалителни процеси, хемороиди, за зараснување на рани и како антисептик, но голема примена има и за внатрешна употреба, како средство против стомачни заболувања, за подобрување на функцијата на желудникот, црниот дроб, против дијареја итн.

Дејството на надземниот дел од оваа билка е повеќекратно и се должи на нејзиниот сложен хемиски состав.

Маслото од кантарион многу одамна е познато и се употребува во традиционалната медицина за третман на најразлични заболувања, што доволно зборува за неговата ефикасност.

Кантарионот го намалува воспалението на ткивото, го зголемува регенеративното својство на ткивото и води до негова побрза реепителизација, односно повторно создавање обвивка.

Жолтиот кантарион, подготвен во облик на топол чај или пак во облик на масло, се препорачува при диспептични нарушувања во системот за варење, при улцерозни состојби на желудникот и на дванаесетпалечното црево, а помага и при менопаузални симптоми.

Последниве години откриено е дејствувањето на хиперицинот како психотропно средство, со еуфорично својство. Поради ова, чајот од кантарион може да се дава против депресии.

Ајдучка трева

Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа.

Етеричното масло се користи за подготовка на крема за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата.

Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамин К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум.

Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките.

Ајдучката трева е ефикасна и во третманите за лекување на мигрена, несвестица, ги елиминира нагоните за повраќање, помага при солзење и голема секреција на очите, крварење од носот и др. Таа е одлична за прочистување на телото, регулирање на хормоните и стабилизација на метаболизмот, како и за чистење на црниот дроб, при состојби на труења, вирусен хепатит и други болести кои го напаѓаат црниот дроб.

Ајдучката трева директно делува на коскената срж и на создавање на црвени крвни зрнца.

Се употребува како антитромботичко средство при мозочни удари. Има јако антибактериско дејство против стафилококи, еширихија, кандида и други инфекции.

Планински чај

Чајот се прави од надземниот дел на билката која има специфичен пријатен мирис и вкус.

Се употребува како универзален лек против грип,  настинки, воспаленија, бронхитис  и за јакнење на имунолошкиот систем.

Го намалува ризикот од висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар и инфаркт, а помага и при заболување на простатата, бубрезите и уринарните канали.

Научните истражувања покажале дека е богат со антиоксиданти и може да се користи за превенција во борбата против ракот.

Оваа доста користена билка на нашите простори уште се користи како превенција во лечење на органите за варење, против надуеност, дијареја, астма и болести на црниот дроб и жолчката.