Чај од кора од калинка: Го штити срцето и го лекува дигестивниот систем

Фото: Pexels
87

Калинката е еден од најздравите медитерански плодови. Но, дали знаевте дека чајот од кора од калинка е вистински лек за разни тегоби и болести?

Калинката е многу ефикасна во лекувањето на дигестивниот систем, го штити срцето, ја обновува кожата и ги ублажува симптомите на болки во грлото и кашлицата. Причината за тоа лежи во големата количина на ефективни материи, како што се антиоксидантите и витаминот Ц.

Најдолу ви пренесуваме едноставен рецепт кој можете да го подготвите дома.

Калинката е еден од најздравите медитерански плодови. Со причина се смета за суперхрана, а нејзините црвени зрна се преполни со антиоксиданти, полифеноли, витамини и минерали. Но, дали знаевте дека кората од калинките е исклучително ефикасна? Од неа можете да направите чај, а ние го имаме рецептот.

Ги штити срцето и дигестивниот систем

Двете најважни функции на чајот од кора од калинка се одржување на дигестивниот систем и здравјето на срцето. Чајот делува против патогени микроорганизми и помага при дијареа, колитис, чиреви, салмонела и други дигестивни нарушувања. Ги лечи и воспалителните процеси во цревата.
Кората од калинка содржи многу антиоксиданти, па чајот од неа помага во чистење на телото од штетни материи. Ова е причината зошто кората од калинка е исто така корисна за здравјето на срцето и крвните садови. Чајот од кората помага во намалување на крвниот притисок и на тој начин ги штити крвните садови од оштетување.

Антивоспалителни својства

Ако сте болни, ве боли грло или кашлате, чајот од кора од калинка е совршено решение. Делува лековито и гаргарањето со свежо подготвен чај од кора од калинка.

Кората може да ја исушите на сонце, да ја сомелете, а потоа да ја измешате со топла вода и малку сол. Користете ја смесата за гаргара за да ги ублажите непријатните симптоми на грлото и кашлицата. Исто така, чајот е ефикасен за воспаление на непцата и гингивитис.

Бидејќи калинката е овошје, содржи многу витамин Ц. Чајот од кора од калинка го стимулира производството на колаген, кој е неопходен за младешки изглед, силни коски и заби.

Кората од калинка ја штити кожата и помага во заздравувањето на раните и гребаниците, обновувајќи ги оштетените клетки. Дополнително, бројни истражувања покажаа дека екстрактот добиен од кората на калинката може да има превентивно дејство врз различни видови на рак на кожата.

Рецепт за чај
Рецептот за чај од кора од калинка е многу едноставен. За да го подготвите, треба да ја измиете кората од една калинка и да ја исечете на помали парчиња. Потоа зовријте ја водата, додадете ја кората и оставете да отстои половина час. После тоа, процедете го чајот и засладете го со природен засладувач, како мед или јаворов сируп.

Чајот е малку горчлив, затоа треба дополнително да се заслади. Може да се подготви и со истурање на една лажичка исушена и мелена кора од шипинка во шолја топла вода. Напитокот е готов за консумирање по неколку минути.