Чај што се пие кога не можете да станете од кревет, ама и превентивно
Бројсовиот чај е дел од познатата диета против рак на Австриецот Рудолф Бројс, натуропат и автор на книгата „Рак, леукемија и други навидум неизлечиви болести“. Се прави од четири добро познати лековити билки и, велат, може да ве крене од постела кога сте болни, но добро е да се консумира и превентивно
Овој чај е именуван според Австриецот Рудолф Бројс, натуропат и автор на книгата „Рак, леукемија и други навидум неизлечиви болести“.
Чајот е дел од неговата терапија за лекување на ракот, која подразбира изгладнување на клетките на ракот, односно, пост во времетраење од 42 дена, во текот на кој се пијат само чаеви и посебен сок од зеленчуци и овошје, чија главна состојка е цвеклото.
Во својата книга тој наведува дека неговиот метод дал одлични резултати во лекување на оваа болест и дека излекувал над 45.000 луѓе од рак и други болести.
Повеќе за ова можете да прочитате ТУКА.
Бројсовиот чај е главен кај малигните заболувања при спроведување на Бројсовата терапија.
Многу е ефикасен и лековит, а претставува мешавина од четири добро познати лековити билки. Секако, овој чај не мора да се пие само кога здравјето е нарушено, напротив, треба да се пие превентивно бидејќи е добар за јакнење на отпорноста на организмот и за исфрлање на токсините.
Еве го и рецептот:
1 лажица жалфија
500 мл вода
прстофат маточина
прстофат кантарион
прстофат нане
1 емајлиран сад за готвење на чајот.
Приготвување:
Ставете една лажица жалфија во 500 мл зовриена вода и варете 3 минути. Тргнете од оган и додајте по прстофат од останатите билки. Поклопете го садот и оставете го чајот да отстои 10 минути.
Процедете го чајот и поделете го на две еднакви половини. Едната половина испијте ја наутро пред појадок, а втората во текот на денот или пред спиење. Чајот мора да се вари само во емајлиран сад.
Се употребува при: кардиоваскуларни и срцеви заболувања, болести на органите за варење, болести на ‘рбетниот столб, болести на уринарни патишта и простата, кај хормонални нарушувања, алергии, дијабетес и друго.
Самиот Бројс рекол: „Чајот кој е на база на жалфија го сметам за најважен од сите други чаеви и затоа треба да се пие цел живот. Кој го пие овој чај постојано, тешко дека некогаш ќе се разболи”. Па, вреди да се обидеме.
Жалфијата содржи доста етерични масла кои се добри за испирање на грлото, но во чајот кој се пие, не смее да ги има, па затоа мора да се вари 3 минути. Жалфијата е важна за сите жлезди и ‘рбетниот мозок.
Маточината ја смирува работата на срцето, ги чисти крвните садови и делува смирувачки врз нервниот систем.
Кантарионот ги поттикнува и ги лекува органите за варење, ги обновува клетките на црниот дроб и го јакне системот за имунитет.
Нането освежува и ги елиминира гасовите од цревата, спречува подување и ги смирува желудочните тегоби.