Чашка виски, вотка или текила, па чашка течност од кисели краставички: Гo намалува дејството на алкохолот и ги релаксира мускулите

Фото: Pexels
390

Кај многумина од нас, особено во зима, теглата со кисели краставички е задолжително една од оние работи кои секогаш ги имаме во фрижидерот. Но, до неодамна не знаевме дека, освен краставичките, своја намена и здравствени придобивки има и течноста во која стојат.

Во разговор со еднa од најдобрите барменки во светот, Шанел Адамс, хрватскиот портал „Пун куфер“ открил дека еден од интересните трендови во последно време како барска понуда, е пиењето на течноста во која стојат киселите краставички.

Имено, гостите после чашка виски пијат и чашка од киселката течност од тегла со кисели краставички, а овој специјалитет е наречен „pickleback“. Во многу американски барови, токму ова е  специјалитет на куќата.

Овој „пронајдок“ не е резервиран само за Соединетите држави. Русите ја пијат оваа кисела течност со вотка, а во Мексико се комбинира со текила. Причината за ова е тоа што оваа течност го ублажува дејството на алкохолот, а некои тврдат дека го ублажува и мамурлакот.
Њујоршкиот писател и сопственик на бар, Тоби Чекини го опишал своето искуство со овој пијалак како извонредно. Со секое нарачано виски, пиел и чашка од киселата течност, а освен што следното утро не се чувствувал како да е сѐ уште пијан, се чувствувал многу подобро отколку во сличнио ситуации, а без помош на киселата течност.

„Испив десетина, а утрото бев целосно излечен од настинка и воопшто не бев мамурен”. Pickleback се пие и со бурбон и според Тоби, аромата на чад и киселите ноти совршено се надополнуваат.
Течноста од кисели краставички има дополнителни придобивки – ги намалува мускулните контракции, ја подобрува количината на електролити во телото, хидрира, а ги убива и штетните бактерии во стомакот.