Четири намирници кои стануваат токсични кога се чуваат во фрижидер (ВИДЕО)

Фото: Pexels
518

Според Димпл Џангда, којa е ајурведски здравствен тренер и основач на здравствениот центар Прана, намирниците кои стануваат токсични кога се чуваат во фрижидер се лукот, кромидот, ѓумбирот и оризот.

Иако фрижидерот ја одржува храната свежа, некои намирници не треба да се чуваат во него бидејќи може да станат токсични, советуваат експертите.
Димпл Џангда, којa е ајурведски здравствен тренер и основач на здравствениот центар Прана, во видео на Јутјуб зборува за тоа дека намирниците кои стануваат токсични кога се чуваат во фрижидер се лукот, кромидот, ѓумбирот и оризот.
Таа ги открива и причините зошто е тоа така.

Лук

Лукот може да стане мек ако го чувате во фрижидер.

„Никогаш не чувајте лук во фрижидер бидејќи многу брзо почнува да буѓосува, а мувлата на лукот е всушност поврзана со рак“, вели Џангда и советува лукот да се чува на суво и темно место.

„Лукот има ниска киселост, што го прави склон кон таложење на бактеријата Clostridium botulinum, која е еден од виновниците за ботулизмот“, предупредува таа.

Кромид

Кромидот е култура која е отпорна на ниски температури. Експертот објаснува: „Кога ќе го ставите кромидот во фрижидер, скробот почнува да се претвора во шеќер и почнува да се формира мувла. Многу луѓе ја прават оваа грешка. Сечат главица кромид, половина ја употребуваат за готвење, а другата половина ја ставаат во фрижидер. Не правете го тоа“, апелира Џангда.

Ѓумбир

Како и лукот и кромидот, ѓумбирот е подложен на мувла.

„Мувлата почнува да се формира многу брзо кога ќе го ставите во фрижидер, а тоа се поврзува со откажување на бубрезите и црниот дроб. Не го ставајте во фрижидер“, предупредува Џангда.

Ориз

Оризот може да се чува во фрижидер, но не подолго од 24 часа. Неварениот ориз може да содржи спори на Bacillus cereus, бактерија која може да предизвика труење со храна. Спорите можат да преживеат при готвење.

Бактеријата Bacillus cereus најдобро расте во температурен опсег од 4 до 48ºC. Во храната како оризот, бактериите можат да произведуваат токсини додека храната се лади, што доведува до симптоми како што се повраќање, дијареа и грчеви во стомакот. Симптомите може да се појават и неколку часа по јадење на расипан ориз, поради што е неопходно веднаш да се побара лекарска помош. Иако смртта е ретка последица, таа не е исклучена. Bacillus cereus може да расте во различни намирници кои содржат скроб, од ориз до тестенини.