Четири причини зошто не можете да ослабнете

Фото: Pexels/Pixabay
137

Ако сакате да ослабнете, треба да се фокусирате на квалитетни калории, а не само на броење и избегнување калории.

Внимавате што јадете, активни сте, но килограмите едноставно не се намалуваат.

Еве кои се најчестите причини за ова.

Брзината со која се губат килограми зависи од полот, возраста и почетната тежина.

Помладите луѓе и мажите полесно губат килограми, додека жените во менопауза се мачат, вели докторот и експерт за дебелина Метју Вајнер.

Тој ги наведува можните причини поради кои килограмите не се намалуваат.

Погрешна храна
Со внесување на помалку калории отколку што троши телото, можно е да се изгуби само одреден процент од килограмите, но тоа губење во одреден момент престанува.

Затоа треба да се фокусирате на квалитетни калории, а не само на броење и избегнување калории. Откако ќе почнете да јадете храна која ве заситува, ќе имате помалку апетит, што може да помогне во одржувањето на губењето на тежината.

Не пиете доволно вода
Секоја диета и начин на слабеење подразбира пиење доволно количество вода, а според општите пресметки, препорачаниот дневен внес на вода е два литри или осум чаши вода.

Водата го помага варењето и го забрзува метаболизмот.

Не спиете доволно
Спиењето е еден од главните фактори кои влијаат на зголемувањето на телесната тежина, а често се занемарува.

Доколку телото не спиело доволно, се зголемува нивото на хормонот кој предизвикува чувство на глад, а се намалува нивото на хормонот кој предизвикува чувство на ситост.

Истражувачите го мереле одговорот на инсулин кај луѓето откако спиеле ограничен број часови во текот на четири дена (околу четири часа навечер) и ги споредиле резултатите со оние на испитаниците кои можеле да спијат неодредено (околу осум часа).

Тие откриле дека ограничениот сон е поврзан со 23 отсто поголем ризик од дијабетес во однос на неограничениот сон.

Пиете алкохол
Ако сакате, одвреме-навреме, да се напиете неколку пијачки со пријателите, тоа би можело да биде и причината зошто килограмите не се намалуваат.

На пример, алкохолот може да влијае на резултатот од тренинзите бидејќи може да доведе до грчеви во мускулите, а влијае и на способноста на црниот дроб да го преработува шеќерот.